Македонија
Три години од големата бродска несреќа
На 5-ти септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи.
Благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот, Сотир Филески и присебноста на посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани беа спасени 38 туристи од Бугарија и туристички водич од Охрид.
По неколкумесечна истрага Основниот суд во Охрид подигна обвинение за предизвикување тешки дела по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, против капетанот на бродот „Илинден“ Сотир Филески и овластениот претставник на германски Лојд, Бранко Баиќ , кој го извршил техничкиот преглед на пловилото.
И двајцата беа прогласени за виновни и им беше изречена казна затвор од по една година. Причина за несреќата според вештачењето бил дефект на системот за управување на бродот на кој имало повеќе патници од максимално дозволениот.
Третата годишнина од најголемата бродска несреќа во водите на Охридското Езеро, денеска, ќе биде одбележана со повеќе активности организирани од Здружението на граѓани “5 Септември“-Охрид.
По тој повод кај спомен паркот на загинатите на градскиот кеј, ќе биде положено свежо цвеќе, по што во ресторанот “Далга“ ќе се одржи помен за трагично загинатите.
Вчера, градоначалникот на Охрид Александар Петрески им врачи благодарници на српските лекарки Жаклина Спасиќ и Гордана Димитриќ, кои пред три години учествуваа во спасувањето на патниците по несреќата и потонувањето на бродот „Илинден“./крај/охридњус/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

