Свет
Снимена изјава на заштитен сведок не стигна до адвокатите
Снимената изјава на првиот заштитен сведок во Македонија за случајот "Шверц на десет килограми кокаин" не стигнала се уште до бранителите на тројцата обвинети.
СУДЕЊЕ ЗА ШВЕРЦ НА ДЕСЕТ КИЛОГРАМИ КОКАИН
Снимената изјава на првиот заштитен сведок во Македонија за случајот "Шверц на десет килограми кокаин" не стигнала се уште до бранителите на тројцата обвинети. Изјавата на заштитениот сведок, чиј идентитет е таен, е снимена на цеде и таа треба да се гледа на судењето во Основниот суд Скопје 1. Адвокатите на тројцата обвинети за шверцот на дрогата вредна 1.2 милион евра побараа копии од цедето за да се запознаат со изјавата на сведокот, но се уште не ги добиле. Случајот вчера беше одложен поради промена на судскиот совет. Случајот во почетокот му беше доделен на судијата Шазивар Исеини, кој неодамна беше прераспределен на друго работно место. Новиот судски совет побарал време за да се запознае со предметот.
Обвинетите на 18 ноември 2005 година беа спречени да го прошверцуваат со автомобил кокаинот од Грција во Македонија, на граничниот премин Ново Село кај Струмица. Полицијата ги уапси Дејан В. (32), кој го управувал автомобилот, и сопатникот Благоја Н. (27). Во акцијата беше уапсен и сопственикот на возилото, Александар Т., кој дента, со бугарски пасош, пеш ја минал македонско-грчката граница. Во Скопје беше уапсен и грчкиот државјанин Лампрос П. (46), а грчката полиција во Солун го уапси Бирдас В. (45), двајцата осомничени дека се дел од групата што се обиде да го прошверцува кокаинот.
Ова е прв случај во македонското судство да се користи заштитен сведок.
Адвокатите на минатото рочиште изјавија дека во истрагата не им било дозволено да видат дел од доказите и изјавата на заштитениот сведок снимена на цеде.
За да се проследи изјавата на сведокот во судницата во Основниот суд Скопје 1 е поставена опрема за гледање ДВД.
Групата беше откриена во акцијата ви која беа употребени посебни истражни мерки за апсење криминалци во рамките на борбата со организираниот криминал. Тие биле следени, прислушувани и снимани со камери и со опрема за ноќно набљудување, а во акцијата учествувал и таен агент.
Полицијата во автомобил "опел" со скопски регистарски таблички откри десет пакетчиња со кокаин. Пакетите биле обвиткани со селотејп, а во секој од нив имало по околу 1 килограм кокаин. Дрогата била скриена под тапацирот на задното седиште на автомобилот. Обвинетите се обвинети за неовластено производство и пуштање во промет дрога. Сите обвинети се во притвор. Судењето продолжува во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

