Свет
Преврат во Иран – ајатолахот Хамнеи нареди истрага
Врховниот ирански лидер ајатолахот Хамнеи наредил да се почне со истрага по тврдењата дека претседателските избори од петокот биле фалсификувани. Досега Хамнеи ја повикуаше нацијата да го признае изборниoт резултат нарекувајќи го „божја волја“
Ајатолахот Али Хамнеи, неприкосновен лидер во Иран, му наредил на Советот на чуварите на уставот да ги проверат обвиненијата од реформистичкиот претседателски кандидат Мирхосеин Мусави дека на гласањето во петокот било лажирано во полза на старо-новиот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.Иранската влада, пак, веќе го прогласи Ахамдинеџад за регуларен победник на изборите, па со големо влијание се следи каква ќе биде реакцијата на наредбата на врховниот ирански лидер и на моќниот Совет на чуварите на уставот.Иранскиот министер за внатрешни работи Садек Махсули потврди дека Ахамдинеџад е реизбран за претседател со 62,6 отсто од гласовите, пред Мусави за кого гласале 33,7 проценти од излезените гласачи. Притоа, се споменува дека излезноста на иранските избирачи била 85 отсто, што за Мусави и неговите следбеници е спорно.Во неделата не се појави ниту весникот што го финансираше Мусави, а уредникот за дописниците на западните медиуми изјавил дека новинарите избегале од просториите заради страв од одмазда на полицијата. Претходно овој весник на своето електронско издание имаше лиферувана информација дека на 10 милиони гласачки листови недостигал личниот број на гласачот.Тоа предизвика жестоки реакции и демонстрации на приврзаниците на Мусави, а странските медиуми останаа отсечени од нивните дописници од Техеран. На повеќето од западните новинари им беше наложено да го напуштат Иран, а дописништвото на Al Arabija беше затворено со образложение дека тоа е за период од една седмица.На запад се смета дека превратот на одлуката на ајатолахот Хамнеи доаѓа заради жестината на судирите меѓу демонстрантите и полицијата, но и со приврзаниците на Ахмадинеџад. Во саботата Corriere della Sera повикувајќи се на Аl Arabia извести дека имало и три жртви на овие судири.Сепак, можеби и не треба да се очекува овој потег на Хамени да измени многу нешта. Попрво би можело да се каже дека е тоа потег кој треба да ги смири страстите меѓу самите Иранци,особеноимајќи ги претходните изјави на ајатолахот. Имено Али Хамнеи и’ се обрати преку телевизијата на нацијата да ја почитува победата на претседателот Ахмадинеџад. Тој предупредил дека самиот Мусави и неговите следбеници се однесуваат многу провокациски. Ајатолахот претходно го поздрави повторниот избор на претседателот Ахмадинеџад, иако изјави дека нема да открие за кого гласал. Но пред изборите, се знаеше дека тој премолчно го поддржува Ахамдинеџад. Големито одзив на гласачите за Хамнеи значи дека тоа бил вистински празник која го гарантира напредокот на Иран и неговата безбедност.Инаку ова се најмасовните протести во Техеран по исламската револуција во 1979 г. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Смрт за диктаторот“, „Што се случи со изборите?“, „Ние исто така сме Иранци“, „Мусави е нашиот претседател“…
Во Иран продолжуваат протестите против Ахмадинеџад Протестите во Техеран продолжија, тројца мртвиНемири во Иран по победата на Ахмадинеџад Махмуд Ахмадинеџад реизбран за претседател на ИранМоже ли Ахмадинеџад да ги изгуби изборите од Иранките?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Минхен изјави дека очекува следната рунда мировни преговори да биде сериозна, суштинска и корисна. Сепак, тој додаде дека понекогаш се чини како „страните да зборуваат за сосема различни работи“.
Нова рунда разговори меѓу претставниците на Русија и Украина, со посредство на САД, ќе се одржи во Женева во вторник и среда.
Зборувајќи на Минхенската безбедносна конференција, Зеленски рече дека клучниот фокус во мировните преговори е да се обезбеди дека „за четири години, цивилизираниот свет нема да биде принуден повторно да се оправдува, да ја префрла одговорноста и да бара некој друг да го обвини“ за уште една војна.
„Украина е подготвена за договор што ќе ни донесе вистински мир нам, на Украина и на Европа“, додаде тој и изјави дека Европа „практично не е присутна на преговарачката маса“, но треба да биде.
„Тоа е голема грешка“, рече тој.
Зеленски истакна дека би било илузија да се верува дека оваа војна сега може сигурно да се заврши со поделба на Украина. Тој повтори дека на Русија „не смее да ѝ се даде никаква надеж дека може да остане неказнета за ова злосторство“.
Тој вели дека Москва била најсериозна во врска со преговорите кога била погодена од длабоки украински напади на сопствената територија.
„Колку сме посилни, толку пореален станува мирот“, рече тој.
Свет
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина
Со сирени и свирење, исто како што и пристигнаа, тракторите на грчките земјоделци претпладнево си заминаа од Атина, откако во текот на ноќта останаа паркирани пред грчкиот Парламент. Околу 50 трактори вчера пристигнаа во Атина, поминаа низ низа централни улици, каде што беа пречекани и поздравени од граѓаните и случајните минувачи, а на ист начин си заминаа денеска.
Во текот на вечерта тракторите останаа паркирани на плоштадот Синтагма пред Парламентот, откако претходно, протестот заврши мирно, а свои обраќања имаа земјоделци од различни делови на земјата, пренесувајќи ги нивните ставови и барања поврзани со примарниот сектор.
Свет
(Видео) Хаос во авион, тепачка и расистички испади принудија итно слетување
Драматични сцени се одвивале во авион на авиокомпанијата „Jet2“, откако избувнала тепачка за време на летот од Анталија кон Манчестер. Поради инцидентот, авионот бил принуден итно да слета во Брисел.
Од компанијата соопштија дека летот „LS896“ бил пренасочен поради „апсолутно неприфатливо однесување на двајца патници“, кои подоцна биле симнати од авионот од страна на белгиската полиција. По интервенцијата, летот продолжил кон крајната дестинација и слетал во Манчестер околу 22 часот.
Според сведоштво на патник кој бил присутен во авионот, инцидентот започнал кога маж, кој наводно консумирал алкохол, почнал да извикува расистички навреди кон патници со пакистанско потекло.
– Иако пиеше алкохол, беше целосно свесен што зборува и што прави – изјавил сведокот, додавајќи дека ситуацијата дополнително ескалирала кога патникот не успеал да купи цигари за време на летот.
По тоа, тој станал агресивен и кон членовите на екипажот, а тензијата кулминирала со физичка пресметка во авионот.
Во еден момент ситуацијата стана многу физичка. Луѓето беа вознемирени и исплашени. Атмосферата беше хаотична – раскажал сведокот.
По принудното слетување во Брисел, двајцата патници биле приведени и симнати од летот. Од „Jet2“ потврдија дека тие се ставени на трајна „црна листа“ и повеќе нема да можат да летаат со оваа авиокомпанија.
– Како семејно ориентирана авиокомпанија имаме политика на нулта толеранција кон вакво однесување. Ќе ги преземеме сите правни чекори за да ги надоместиме трошоците што настанаа поради пренасочувањето на летот – соопшти портпаролот на компанијата.
Сведокот оценил дека инцидентот е потсетник дека „расизмот сè уште постои и нема место во општеството“.
‘FLIGHT’ CLUB: A Jet2 flight from Turkey to the U.K. was diverted to Belgium after a violent altercation broke out between passengers.
Jet2 says two passengers have been banned from flying with them, according to a report. pic.twitter.com/26FRuGhMOK
— Fox News (@FoxNews) February 14, 2026

