Свет
Еден мртов, седуммина ранети во експлозија во Багдад
 
																								
												
												
											Ирачките бунтовници извршија серија напади врз полицајци во Багдад, при што еден загинал, а седуммина се ранети, соопштија ирачки функционери, пренесува Аssocaited Press
Полицаецот загинал кога пред полициска патрола експлодирала крајпатна бомба во центарот на Багдад. Уште двајца полицајци и еден минувач биле ранети во нападот.Ирачките официјални лица соопштија и дека уште една крајпатна бомба денеска експлодирала во источен Багдад, при што биле ранети четворица полицајци.Насилствата во Ирак значително се намалија, но бунтовници, за кои полицијата се сомнева дека се сунити, се уште ја напаѓаат ирачката армија и полиција во обид да го заслабнат шиитскиот ирачки премиер Нури ал-Малики, кој треба да оформи нова влада откако минатата недела беше постигнат договор и прекината осуммесечната политичка блокада на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
Се сретнаа министрите за одбрана на САД и Кина, Пекинг го предупреди Вашингтон за Тајван
 
														Американскиот и кинескиот министер за одбрана, Пит Хегсет и Донг Џун, се сретнаа во Куала Лумпур во рамки на состанокот на министрите за одбрана на АСЕАН. Средбата е оценета како добра и конструктивна и претставува сигнал за постепено подобрување на воената комуникација меѓу двете земји.
Хегсет му рекол на кинескиот колега дека САД ќе ги бранат своите интереси и изразил загриженост поради кинеските активности во Јужното Кинеско Море и околу Тајван. Истовремено нагласил дека Вашингтон не бара судир, но ќе ја задржи рамнотежата на силите во регионот.
Кинеското министерство за одбрана соопшти дека Донг го предупредил Вашингтон да биде внимателен со зборови и дела во врска со Тајван и да се спротивстави на неговата независност. Тој додал дека Кина е посветена на мирен развој, но ќе ги брани своите безбедносни интереси.
Според Пекинг, неодамнешната средба меѓу Трамп и Шји Џинпинг дала стратегиски насоки за подобрување на одбранбените односи и потребни се конкретни чекори. Средбата се одржа во момент кога Кина го засилува военото присуство околу Тајван, а САД повикуваат на поголема транспарентност и дијалог за регионалната безбедност и нуклеарното вооружување.
Свет
Иран ја смета одлуката на САД за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје за неодговорна
 
														Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша плановите на Соединетите Американски Држави за продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје како регресивни и неодговорни, објави агенцијата Франс Прес.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека издал наредба до Пентагон веднаш да продолжи со тестирањето на такво оружје.
„Насилник со нуклеарно оружје ги обновува тестирањата на атомско оружје. Истиот насилник ја демонизира мирноприродната нуклеарна програма на Иран“, рече иранскиот министер за надворешни работи во објава на социјалните мрежи како одговор.
Абас Арагчи, исто така, ја опиша одлуката како сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност.
Свет
Европската Комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока
 
														Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.
„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.
„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.
На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.
На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											