Свет
Седум авганистански полицајци убиени во напад во талибаните
Милитантите од радикалното талибанско движење во раните утрински часови во понеделникот нападнале позиција на полицијата во северната авганистанска провинција Кундуз, при што загинале седум полицајци, изјавил за новинарите гувернерот на Кундуз, Хамидула Данеш
Според локалните функционери, како што јавува дописникот на РИА Новости, инцидентот се случил во населеното место Чаргол, во близна селото Кала-е Зал. Напаѓачити унишувајќи го утврувањето побегнале од местото на инцидентот пред доаѓањето на засилувањето.Локалната полиција, како и припадниците на формираната народна племенска милиција – арбакаи се формирани ова лето заради заштитат на селата и локалните жители од областа од напади од крадци и разбојници во зафрлените области во земјата.Жителите на северните провинции постојано апелираат до претставниците на авганистанските власти протестирајќи против локалната полиција и арбакаите, обвинувајќи ги дека спроед нивното однесување воопшто не се разликуваат од разбојниците.Во градот Пули-Хумри, главниот град на провинцијата Баглан, во изминативе два месеца постојано се одржуваа протести на локалните жители кои се жалеа дека формирањето на локалната полиција и арбакаите обвинувајќи ги дека ги ограбуваат и им наметнуваат нивни даноци.Формираните локални полиции се составени од жители од селата во зафрлените авганистански области, кои всушност ја имаат улогата на селски стражи. Припадниците на овие формации по правило се слабо обучени и слабо опремени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.