Македонија
Ниски оценки за македонското здравство
Непочитување на лекарската професија, нелогичности во здравството, неквалитетни услуги за пациентите и услови за вработените во здравството
Лекарите му дадоа ниски оценки на македонското здравство на Светскиот ден на здравјето.
Претседателот на македонското лекарско друштво Јован Тофовски, здравството го оцени со ниска двојка.
„Она што е лошо, што не постои само кај нас, е тенденцијата, лекарската професија да се потценува, да се отфрла во одлучувањето во здравството, во системот за здравство и тоа доведува до револт, до недоразбирања, а исто така доведува и до влошување на односите со пациентите“ вели Тофовски. Тој укажува на тоа дека здравството не е само економија и математика, туку тука има медицина, хуманост, етика, солидарност. Според него, најважно е да се направи здравствена мапа и основен пакет на услуги. Претседателот на лекарската комора Владимир Борозанов даде генерална оценка три плус, додека кардиохирургот Жан Митрев даде единица.
„Чиста единица засега со некој плус за некои поединци. Здравството не зависи од поединци, зависи од еден систем и затоа толку тешко и сложено е било што да се промени, затоа што не зависи од една, две работи, туку треба генерално да го промените системот“ изјави Митрев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

