Македонија
Хајд: Работиме да го унапредиме признавањето на Македонија под уставното име

Пратеникот на Западна Австралија, Џон Хајд кој денеска го посети македонското собрание изјави дека Австралија работи да го унапреди признавањето на земјава под уставното име.
Пратеникот на Западна Австралија, Џон Хајд кој денеска го посети македонското собрание изјави дека Австралија работи да го унапреди признавањето на земјава под уставното име.
„Во Австралија има силни поддржувачи на Република Македонија. Работиме со цел да го унапредиме признавањето на Република Македонија под уставното име“, изјави Хајд по средбата со претседателот на Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски.
Тој посочи дека посетата на Македонија е со цел да се зајакнат врските на Западна Австралија и Македонија.
„Западна Австралија сега е економска сила во Австралија. Колега од мојата Лабуристичка партија во Македонија доаѓа следната недела“, изјави Хајд.
Милошоски по средбата со Хајд истакна дека зачестената парламентарна комуникација помеѓу Австралија и Македонија оди во прилог на една поголема политичка соработка.
„Република Македонија има силен интерес за зголемување на политичката комуникација со пријателска Австралија. Таму имаме една значителна македонска заедница која во Австралија, и посебно во Перт и Западна Австралија, дава силен придонес во политичкиот, економскиот и културниот живот и развој на оваа држава. Сметаме дека приоритет треба да ни бидат односите во трговијата, политичката соработка, и секако соработката на мултилатерално ниво“, посочи Милошоски.Тој изрази очекување дека ваквите посети кои се случуваат од Австралија истовремено ќе овозможат дополнителни прилики за посети на македонски парламентарци во Перт и Западна Австралија и Австралија воопшто.
„Цениме дека изборот и на пратеникот во македонското Собрание од Австралија Додевски е една од можностите од која ќе можеме да очекуваме зголемена и засилена македонско – австралиска соработка“, рече Милошоски.
На средбата Хајд- Милошоски било разговарано за македонско-австралиските односи, за поголема поддршка на македонската меѓународна политичка ориентација во однос на етаблирање на земјава како држава во меѓународните институции.
Милошоски смета дека политичкото зближување помеѓу Македонија и Австралија ќе може да и донесе на земјава подобри позиции во австралиската политика којшто се поврзани со прашањата на македонскиот национален интерес и промоцијата на македонскиот национален и културен идентитет во светски размери и во самата Австралија.
Тој му се заблагодари на Хајд за неговите заложби во рамките на Западна Австралија и на неговата политичка партија да ги застапува и промовира македонските национални интереси.
Хајд денеска се сретна и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Вренето во наредните денови
Под влијание на влажни воздушни маси, од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Македонија
Делови од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин. (Општина Карпош)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 4. (Општина Карпош)
Македонија
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Изборот кој не враќа назад е веќе виден на централно ниво. Имаа седум години можност да покажат и докажат дека навистина се борат за нивниот дом, т.е нашиот заеднички дом, нашата татковина Македонија. Но видовме дека тие се борат само за нивните хациенди на Халкидики, во Дубаи и скапите јахти коишто ги возат за време на летото по Егејското крајбрежје. Тоа е за нив поимањето на терминот „се бориме за нашиот дом“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Лозово во рамките на кампањата под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври.
Мицкоски порача дека токму затоа е убеден дека нема друга алтернатива ниту за Македонија, ниту пак за Лозово, како составен дел од државата, а тоа сегашниот и идниот градоначалник, Бошко Цветковски и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Мицкоски се осврна на трите суштински ветувања во измината изборна кампања ан ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори кои се исполнија до сега во овие 15 месеци власт, како линеарното покачување на пензиите не само за 5000 денари, туку до март истите ќе се покачат за вкупно 7000 денари за сите пензионери, како 500 милиони денари од владата за општини за реализација на капитални проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.
„Третото суштинско ветување беше дека онаа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.
Додаде дека и покрај сите предизвици коишто ВМРО-ДПМНЕ ги имаше при преземањето на власта од првиот ден па се до денес, при што беа затечени проблеми за коишто се знаеше дека најголем дел од нив постојат, но со влезот во институциите следеше непријатно изненадување дека државата е речиси пред банкрот, а институциите и темелите на државата беа комплетно разрушени.
„Но, не очајуваме, туку ги засукаме ракавите и почнавме да работиме. А тоа е впрочем она коешто ние го ветувавме за време на кампањата во 2024 година, каде што ветивме многу работа, чесна и напорна“, рече Мицкоски.
Затоа Мицкоски повика масовно да се излезе на гласање и да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9, за да продолжи работата и напредокот на државата.