Свет
Кинески хакери влегоа во индиското министерство за одбрана

Организирана група хакери за кои се претпоставува дека имаа седиште во Кина влегла во комјутерскиот систем и продрела до тајните документи со чувствителни податоци за индиската одбрана, објавија во вторник меѓународни стрчњаци за сајбер шпионажа
Експертите откриле инфoрмации за разузнавачка мрежа кој продрела во тајните на индиската влада, потоа во индиските деловни и академнски комpјутерски мрежи, се обајвува во заедничкото известување на стручњаците од две институции, Information Warfare Monitor со седиште во Канада и меѓународната фондација Shadowserver Foundation.Хакерската мрежа ги нападнала и Обединетите нации, како и канцеларијата на тибетантскиот духовен лидер Далај лама, се додава во извештајот. „Многу други институции, вклучително и амбасадите на Пакистан и на САД, исто така биле хакирани“, стои во извештајот во кој се наведува дека може да се потврдат и упади во некои но не и во сите наведени институции.На пример, хакерите отвориле 1.500 писма испратени од канцеларијата на Далај лама од јануари до ноември 2009 г., внимателно одбирајќи ги системите и профилите на корисниците кои ќе ги нападнат.Нападнатите системи биле усмерувани кон „централната команда и контролирани корисници во Кина“, стои во извештајот во кој се потвдрува дека се утврдени врски со двајца големи хакери во градот Ченгду. Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи, Џианг Ју им повторила на новинaрите дека Пекинг им се спротиставува на сите облици на сајбер криминал, што го подразбира и хакирањето.„Овој вид криминал е меѓународно прашање и против него треба заеднички да се бори целата меѓународна заедница,“, изјавила Ју која сепак не отфрлила дека е можно да се инволвирани и кинески хакери. Таа потенцирала дека авторите на извештајот не доставиле до кинеските власти никакви докази, ниту од нив побарале каква и да е заедничка истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина потврди напад врз најголемиот руски нафтен терминал на Балтикот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека специјалните единици на украинската служба за безбедност (СБУ) нанеле значителна штета на најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море во Приморск.
„Најефикасните санкции се пожарите во руските рафинерии и терминали. Го ограничивме рускиот нафтен сектор, а со тоа и нивната воена машина“, изјави Зеленски во своето вечерно обраќање.
Зеленски се заблагодари на украинските специјални сили за „одлично завршената работа“ и најави натамошно јакнење на домашното производство на оружје.
Нападот, кој се случи на 12 септември, резултираше со пожар во нафтенoто пристаниште Приморск, а според медиумските извештаи, оштетени се и два руски танкери.
Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.