Спорт
Продолжи серијата на Далас, Новицки го престигна Бирд

<!– @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } –>
Шест натпревари се одиграни во НБА лигата. Најголемото изненадување го направија кошаркарите на Милвоки кои во ЛА ги совладаа Лејкерси.
Во „Стејплс Центарот“ Милвоки натпреварот го реши во последните шест минути кога со серијата од 21:7 стигна до убедлива победа од 98:79. Ерл Бојкинс со 22, Саломонс со 20 и Иљасова со 17 поени беа предводници на „Бакси“ во победата над актуелните шампиони во НБА лигата.
Далас ја продолжи победничката низа, Новицки и екипата во дербито го совладаа Орландо на Флорида со 105:99. Новицки мечот го заврши со 17 поени, со што во својата тринаесетта НБА сезона стигна до вкупно 21.798 поени, и на вечната листа го мина Лери Бирд. Во поразот, Орландо го предводеше Двајт Хауард со 26 поени и 23 скока.
Њу Џерси во Тенеси го изненади Мемфис и забележа победа од 101:94, додека Чикаго во Илиноис ја демолира Филаделфија со 121:76. Оклахома победи во Шарлот со 99:81, Кевин Дурант во победата постигна 32 поени.
Голден Стејт во Сакрамнето забележа победа по продолжението од 117:109. Екипата од Оукленд ја предводеше Монта Елис кој постигна 36 поени. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити му нуди нов договор на Родри
Манчестер сити му понуди нов договор на Родри. Освојувачот на Златната топка ја пропушти сезоната поради тешката повреда на лигаментите. Отсуството на Родри се рефлектираше врз резултатите на тимот. Сити не освои ниту еден трофеј и се до три кола пред крајот му висеше пласманот во Лигатана шампионите.
Иако деталите не се познати, а со тоа и точната бројка, речиси е сигурно дека тој би стнал вториот најплатен играч во тимот, веднаш по Ерлинг Халанд. Исто така, познато е дека овој договор би важел до 2029 година.
Минатата сезона Родри одигра само осум натпревари во сите натпреварувања.
Спорт
„Хамилтон треба да побара од Ферари да го исплати и потоа да се пензионира

Берни Еклстоун (94) му порача на Луис Хамилтон веднаш да се повлече од Формула 1 и да побара исплата на целиот договор со Ферари пред „нешто лошо да му се случи“, пишува „Дејли Мејл“.
Остриот совет доаѓа во време кога иднината на Хамилтон е неизвесна по катастрофалната трка за Големата награда на Унгарија минатиот викенд.
Откако се квалификуваше на скромното 12-то место, додека колегата од Ферари, Шарл Леклер, ја освои пол-позицијата, седумкратниот светски шампион се нарече себеси „апсолутно бескорисен“ и предложи Ферари да го замени.
Хамилтон остана зад тие коментари откако заврши на 12-то место во трката, но посочи дека веројатно ќе се врати по кратката летна пауза на Големата награда на Холандија на 31 август.
„Луис е многу талентиран, беше и веројатно сè уште е. Но, како и многу вврвни спортски личности кога ќе стигнат до врвот, има само една насока, и тоа не е добра насока. Се оди надолу“, рече Еклстоун.
„Се заморува. Луис е уморен. Го прави она што го правел отсекогаш. Му треба пауза од тоа, целосно ресетирање, треба да прави нешто сосема друго. Можеби не мисли така, но ќе се навикне да прави други работи надвор од автомобилизмот во пензија. Мислам дека требаше да го направи тоа. Човекот не е измамник. Но, би се измамил себеси ако продолжи. Треба да престане сега“, додаде познатиот Британец.
Хамилтон ја одбработува првата од трите години во Ферари. Пристигна во Маранело од Мерцедес. Инаку според договорот зарабитува 60 милиони фунти годишно.
Но, на 40-годишна возраст, тој се бори да ги повтори успесите од своите помлади денови. Еклстоун, кој го помина викендот тркајќи во Будимпешта, беше јасен.
„Да бев Луис, ќе му кажев на Ферари дека сакам да ми биде исплатен договорот. Го потпишаа затоа што мислеа дека може да ја заврши работата. Не би сакал ништо лошо да му се случи на Луис. Тој не се бори за светската титула и е во фаза од својот живот каде што не би му вредело да помине две години врзан за кревет со скршен грб или нешто друго непријатно. Нема потреба да презема повеќе ризици. Тој освои седум светски титули и тоа е доволно“, заклучи Еклстоун.
Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман на возачи.
Foto/ EPA/Boglarka Bodnar
Спорт
Ѕвездите на светскиот пинг понг доаѓаат во Скопје во септември

По 4-ти пат Пинг понгарската федерација го организира светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender, што ќе се одржи од 5 до 7 Септември.
Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на натпреварот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен 4-от најдобар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај жените своето присуство го потврди Хео Јерим исто така од Кореа – втора на светското рангирање.
Ова е трет настан од овој ранг во 2025 година, по одржување на WTT Contender Skopje 2025 во сениорска категорија и Младинските олимписки игри.