Македонија
Пукање во Ченто – Мурат Ајвази повторно и побегна на полицијата

Оружена престрелка меѓу полицијата и познат криминалец се случи околу 13 часот во скопската населба Ченто, на последната станица на автобуската линија 45, информираат од МВР.
Оружена престрелка меѓу полицијата и познат криминалец се случи околу 13 часот во скопската населба Ченто, на последната станица на автобуската линија 45, информираат од МВР. Откако полициски службеници го препознале Мурат Ајвази, осомничен за убиство што го извршил во 2007 година, го предупредиле да застане. Но наместо да се легитимра пред полицајците, Ајвази според првичните информации, се оглушил на предупредувањата и почнал да пука кон нив.
Возвратила и полицијата, но не успеала да го совлада Ајвази. Пукал од „голф“, кој го оставил на патот кон Арачиново и продожил да бега со друг автомобил.Во целата бркотница се повредени двајца случајни минувачи. Нема повредени полицајци. Во „голфот“, од кој првично пукал Ајвази, има траги од крв, но се уште не е утврдено дали се на арачиновецот кој долго време и бега на полицијата. Екипи на МВР вршат увид на местото на инцидентот.
Минатата година, на 15 декември Ајвази им побегна на „алфите“. Тие се обидоа да го пресретнат неговиот автомобил, но наместо да запре, Мурат со голема брзина почнал да вози кон селото Страчинци. Иако удри во трактор, успеа да се извлече од автомобилот и најверојатно со помош на брат му да избега во Косово. Полицијата го сомничи Ајвази за убиството на Гоце Завески од село Бојане, од пред три години, што се случи во селото Брњарци. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.
Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.