Контакт

Свет

Во новите меѓурелигиски судири во Нигерија загинаа 35 лица

Објавено пред

Триесет ипет луѓе се убиени во меѓу-верските судири во централна Нигерија, откако група муслимански тинејџери од градот Тафава-Балева започнала расправија со сопственик на играчница, христијанин по вера при што запалиле една маса за бiлијард, соопшти AFP

dobivaj vesti na viber

Според агенцијата, инцидентот што се случи во вечерта кон четвртокот што бил поводот за почеток на меѓу-верските масовни судири меѓу претставници на христијанската и исламската заедница, во кои во градот биле запалени 50 куќи и пет џамии. Првично, полицијата ги презентираше податоците за четири жртви. Во март минатата година, во немирите во централниот дел од земјата загинаа најмалку 500 лица, а два месеца претходно во верскиот конфликт загинаа најмалку 326 луѓе .Големи судири меѓу етничките и религиозните групи се случуваат постојано во покраината Џос во ноември 2008 г. која е на границата на раздвојување на муслиманите и христијаните,. Тогаш во истоимениот град загинаа 381 луѓе, а во бранот погроми беа запалени околу 100 куќи, како и цркви и џамии. Судирите избувнаа во близина на Џос и годинава во пресрет на католичкиот Божик, кога едно од блиските села беше потресено од седум експлозии  во кои 86 луѓе беа убиени, а повеќе од 189 беа повредени. Одговорноста за овие напади ја презеде исламистичка група „Следбениците на учењето на пророкот Мухамед и борците на џихадот“ за којашто се претпоставува дека е водена од радикална секта Боко Харам. Нигерија, со население од околу 150 милиони луѓе е најнаселената земја во Африка. Градот Џос се наоѓа во централниот дел од државата и цсушност претставува линија на одвојувањето на христијанскиот и анимистичкиот југ од муслиманскиот северен дел.Во март годинава, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири секташки во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите исто така се случија во близината на градот Џос.. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртвите на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 г ,, кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 г.. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот  масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Трамп го критикуваше Нетанјаху: Бомбардирањето на нашиот сојузник не е во ничиј интерес

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

„Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за МИР“, напиша Трамп. Тој додаде дека разговарал и со емирот и премиерот на Катар и им се заблагодарил за нивната „поддршка и пријателство“ кон САД.

„Ги уверив дека нешто вакво нема да се случи повторно на нивна почва“, рече тој, додавајќи дека му наложил на американскиот државен секретар Марко Рубио да го финализира „Договорот за соработка во одбраната“ со Катар.

„Бомбардирањето на Катар не придонесува за целите на Америка“
Трамп нагласи дека одлуката за напад врз лидерите на Хамас во Доха не ја донел тој, туку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Бомбардирањето на суверена нација и близок американски сојузник, кој презема храбар ризик обидувајќи се да посредува во мирот, не им служи на целите на Израел или Америка“, рече тој. Сепак, додаде дека „елиминирањето на Хамас, кој профитира од бедата на народот во Газа, е достојна цел“. Тој исто така рече дека веднаш откако дознал за израелскиот план за напад, му наложил на специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да го информира Катар, но било предоцна да се спречи нападот.

На социјалната мрежа Truth, Трамп објави дека американската војска ја информирала неговата администрација за израелскиот напад утрото пред да се случи.

„Утрово, американската војска ја информираше мојата администрација дека Израел го напаѓа Хамас, кој, за жал, се наоѓал во дел од Доха, главниот град на Катар“, напиша Трамп.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментов нема да дадат плод

Објавено пред

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар и дека ништо нема да го обесхрабри да го стори тоа, неколку часа откако Израел ги нападна лидерите на Хамас во Доха.

dobivaj vesti na viber

Улогата на Катар во медијацијата
Доха, заедно со Каиро и Вашингтон, беше клучен медијатор меѓу Израел и Хамас за време на војната во Газа.

„Катар нема да престане да се обидува и ќе направи сè што може за да ја запре војната во Газа, но не мислам дека преговорите ќе дадат плод во моментов, по она што го видовме во денешниот напад“, изјави ал-Тани на прес-конференција.

Тој го обвини Израел за саботирање на она што го нарече можност за мир, остро критикувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за кого рече дека извршил „државен тероризам“.

Одговор на Израел
Нетанјаху рече дека нападот бил „целосно оправдан“ и дека наредбата за него е дадена по нападот во Ерусалим и загубата на четворица израелски војници во Газа. Ал-Тани рече дека американските претставници го предупредиле Катар за нападот 10 минути по неговиот почеток и го опишале нападот како „стопроцентно предавство“.

„Катар го задржува правото да одговори на овој дрзок напад и ќе преземе сите потребни мерки за да одговори“, додаде тој, велејќи дека е составен правен тим за да се справи со одговорот на земјата на нападот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Објавено пред

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната команда на вооружените сили.

dobivaj vesti na viber

Некои од авионите што влегоа во Полска беа соборени, а во тек е обемна потрага по нивните остатоци.

Оперативната команда соопшти дека ова е невиден настан што претставува директна закана за безбедноста на граѓаните.

„Како резултат на денешниот напад на Руската Федерација на територијата на Украина, дојде до невидено кршење на полскиот воздушен простор од страна на објекти од типот дронови. Ова е акт на агресија што создаде реална закана за безбедноста на нашите граѓани“, се вели во официјалното соопштение.

Веднаш по откривањето, беа започнати одбранбени процедури.

„По наредба на оперативниот командант на вооружените сили, веднаш беа започнати одбранбени процедури. Полските и сојузничките сили следеа околу десет објекти со радар, а оперативниот командант на вооружените сили донесе одлука да ги неутрализира оние што би можеле да претставуваат закана. Некои од беспилотните летала што влегоа во нашиот воздушен простор беа соборени“, објави војската.

Потрагата е во тек, силите се во готовност
На терен моментално се спроведува пребарување и лоцирање на можни места на пад на соборените летала.

„Оперативната команда на вооружените сили ја следи моменталната ситуација, а полските и сојузничките сили и средства остануваат во целосна готовност за понатамошни дејствија“, се додава во соопштението.

Властите се известени, аеродромите се привремено затворени
За инцидентот се информирани и највисоките државни функционери.

„Над Полска, во тек е операција за неутрализирање на објекти што ја нарушиле и ја преминале границата на Република Полска. Информирани се државните власти, имено претседателот на Република Полска и премиерот на Република Полска. Сите служби се во акција“, рече заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик. Поради вонредната состојба, аеродромите во Жешов, Лублин и Варшава беа исто така привремено затворени.

Томчик, исто така, апелираше до јавноста: „Со оглед на информациите што се појавуваат, ве молиме проследувајте само информации што доаѓаат од воените и државните служби. Премиерот Доналд Туск е на местото на настанот. Добивме изјава од оперативниот командант, генерал Клиш, кој е директно вклучен во заштитата на полскиот воздушен простор“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментов нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа14 минути

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа40 минути

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На Флајтрадар можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 час

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа1 час

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија11 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија14 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија18 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија18 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ21 час

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ21 час

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија21 час

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ21 час

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија22 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија22 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион1 ден

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет1 ден

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет1 ден

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...