Свет
Обама го откажа слетувањето на Месечината
Претседател Барак Обама ја укинал програмата Соѕвездие која со новите ракети и новите летала требаше американските астронаути да ги спушти на површината на Месечината до 2020 година.
Претседател Барак Обама ја укинал програмата Соѕвездие која со новите ракети и новите летала требаше американските астронаути да ги спушти на површината на Месечината до 2020 година.Американската вселенска агенција НАСА, на програмата досега има потрошено девет милијарди долари, а за остварувањето на овој проект ќе потроши уште две и пол милијарди. Одлуката за укинување на програмата веднаш наишла на критики од страна на конгресмени кои се блиски до фирмите кои работат на програмата.Претседателот Обама навел дека програмата Соѕвездие ги користи истите ресурси потребни и за други проекти во рамките на НАСА. Белата куќа планира да го пренасочи приватниот сектор за создавање капацитет за лансирање.Проектот за повторно слетување на Месечината го покренал поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш. /крај/во/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.
Свет
Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
Бројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на Бејрут, жариште на проиранското движење Хезболах, се искачи на 31, соопштија денеска властите.
„Меѓу загинатите има три деца и седум жени“, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад на прес-конференција, додавајќи дека најмалку 68 лица се повредени во петочниот штрајк.
Претходно, Министерството објави дека загинале најмалку 12 лица.
Во меѓувреме, бројот на жртви од координираните експлозии со електронски уреди во Либан на почетокот на оваа недела се зголеми од 37 на 39, соопшти Министерството за здравство.