Контакт

Регион

Холандија и’ одобри на Турција два система „Patriot“

Објавено пред

Холандија во петокот одлучи наскоро да и’ испрати на Турција за разместување на границата со Сирија два противракетни система „Patriot“ и 360 свои војници

dobivaj vesti na viber

Ова во петокот попладне го објави холандската новинска агенција ANP, повикувајќи се на холандскиот министер за надворешни работи Франс Тиемрманс.

Точната локација на распоредувањето на овие ракетни системи треба дополнително да биде одредена во доков меѓу владите на Турција и Холандија, но и САД и Германија, другите две членки на НАТО коишто располагаат со модернизираниот ракетен систем „PAK-3“.

Германската влада претходно одобри за доставување на Турција две батерии од овој систем, со 170 војници за што дозвола треба да даде и Бундестагот.

Турција како членка на НАТО на 21-ви ноември официјално побара од своите сојузници распоредување на противвоздушните ракетни системи „Patriot“ на нејзината 910 километри долга граница со Сирија каде 20 месеци се води жесток внатрешни вооружен конфликт. Овие системи коишто во минатото веќе беа еднаш распоредени на турската територија во 1991 и 2003 година во времето на првата и втората Заливска војна против Ирак, може да уништат во лет проектили коишто би дошле од територијата на Сирија, како што беше случај досега во неколку наврати.

Во вторникот членките на НАТО го одобрија барањето на Анкара изјавувајќи дека Вашингтон, Берлин и Хаг се согласни. Трите земји членки кои ги поседуваат овие системи ќе одлучат за бројот на ракетите, датумите и траењето на распоредувањето./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Телото на Светлана Драгијевиќ на обдукција, соседите се сомневаат на срцев удар

Објавено пред

Телото на Светлана Драгијевиќ, мајката на осомничениот за убиството на малата Данка, која денеска почина во Злот, е предадено на Службата за судска медицина на болницата Бор каде ќе биде извршена обдукција.

dobivaj vesti na viber

Имала проблеми со срцето и соседите се сомневаат дека се работи за инфаркт.

Од апсењето на нејзините синови Дејан и Далибор, осомничени за убиство на малата Данка и прикривање на злосторството, а подоцна и на нејзиниот сопруг Драгослав, Светлана живее сама и често се жалела на здравствени проблеми.

Таа самата го погреба својот син Далибор, кој почина во притвор на 7 април.

– Слушнавме дека денеска излегла во населбата да побара помош. Прво влегла во двор, па ја преминала улицата до куќата на другите соседи и успеала само да каже: „дај ми чаша вода, не се чувствувам добро“ и се струполила. Луѓето веднаш повикаа брза помош, но ништо не можеа, изјави еден од жителите на Злот, кој не сакал да ја коментира судбината на Драгијевиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Објавено пред

Во Злот денеска починала Светлана Драгичевиќ, мајката на Дејан Драгичевиќ ненадејно починала, осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ, неофицијално дознава порталот Нова.рс.

dobivaj vesti na viber

Светлана во април го погреба својот син Далибор, кој беше осомничен дека го криел телото на малата Данка, а почина во полицијата на Бор на распит, поради што Секторот за внатрешна контрола (СУК) го истражува случајот.

Светлана даде изјава дека не знае ништо за убиството на малата Данка и доби статус на привилегиран сведок.

Дејан Драгичевиќ и Срѓан Јанковиќ се осомничени дека со автомобил го удриле девојчето, по што ја внеле во автомобил и се упатиле на непозната локација. Телото на девојчето сѐ уште не е пронајдено.

Тие се во притвор, како и таткото на Д.Д., кој е осомничен дека помогнал да се премести телото на девојчето од една на друга локација.

Обвинителството претходно соопшти дека Дејан Драгичевиќ го признал делото, додека Јанковиќ се бранел молчејќи.

Прикажи повеќе...

Регион

Српските медиуми: Вучиќ и Орбан планираат посета на премиерот на Словачка кој денес беше застрелан

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан во следните денови ќе го посетат словачкиот премиер Роберт Фицо, кон којшто денес беше пукано, дознава „Еуроњуз Србија“, а веста ја пренесоа и неколку други српски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ денеска веднаш по објавувањето на веста реагираше на социјалната мрежа „Икс“.

„Шокиран сум од атентатот на Роберт Фицо, голем пријател на Србија и мој лично. Драг пријателе, се молам за тебе и за твоето здравје“, напиша Вучиќ.

Премиерот Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Напаѓачот е уапсен на лице место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија4 часа

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија5 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија5 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија8 часа

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија8 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ8 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион10 часа

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ11 часа

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет11 часа

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет11 часа

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет12 часа

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...

Европа13 часа

Еден од клучните луѓе на Украина: Ги искористивме сите сили што ги имаме, на работ сме

И додека шефот на воената разузнавачка служба на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион...

Топ1 ден

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...

Топ1 ден

Двојно убиство во скопско Стајковци

Во скопско Стајковци, попладнево се убиени две лица. Повозрасен маж ги убил братот и снаата, по што самиот се избодел....

Македонија1 ден

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управниот суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1,...

Македонија1 ден

Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски. Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој...

Македонија1 ден

ДИК ги усвои приговорите за седум избирачки места

Државната изборна комисија (ДИК) објави дека усвоила приговори за седум избирачки места. Со тоа усвоени се приговорите за Желино, ИМ 2101,...

Македонија1 ден

„Вреди“: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Коалицијата „Вреди“ тврди дека имало прекршувања во Шестата изборна единица аргументирајќи дека вчера со одлуката на Државната изборна комисија уште...

Топ1 ден

Почина седумесечно бебе во специјалната болница во Охрид: му бил извршен хируршки зафат, a ден пред тоа било донесено со хематом на главата

Денеска, во раните утрински часови, во СВР Охрид било пријавено дека во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, по извршен...