Свет
Презадолжени ќе се возат во скапа „мазда“
Општината Демир Капија купи нов автомобил „мазда“ вреден околу 30 илјади евра, иако коалицијата „За“ се жалеше за презадолженоста од 20 милиони денари, која ја наследиле од претходната власт.
Општината Демир Капија купи нов автомобил „мазда“ вреден околу 30 илјади евра, иако коалицијата „За“ се жалеше за презадолженоста од 20 милиони денари, која ја наследиле од претходната власт. Ова завчера на прес-конференција го соопшти советникот од Социјалистичката партија Зоран Стојанов. Тој рече дека градоначалникот Тоше Тошевски изјавил оти не може да се вози во „фиќо“ или „тико“. Новиот автомобил бил купен на лизинг.
Стојанов изнесе и други недоследности во работењето на локалната власт. Тој рече дека кога се избирале членови за Управниот одбор на Домот на културата, на неговото прашање каква врска со културата има една од предложените кандидати, која подоцна станала и претседател на одборот, му било одговорено дека заслугата била тоа што „девојчето многу трчаше за изборите“.
Според Стојанов, Советот немал ист аршин кога станува збор за финансирање на научни патувања на советници од власта и опозицијата.
Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Петре Мојсов, зборуваше за предизборните вработувања на власта, кои не ја заобиколија ниту Демир Капија.
(С.Д.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.
Регион
Црвен аларм за туристите на Јадранот: месојадни црви забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во Италија
Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат денес српските и црногорските медиуми.
Невротоксинот во што го испуштаат месојадните црви предизвикува главоболка и вртоглавица. Долги се од 20 до 30 сантиметри и главно живеат на камено но и во песочното морско дно. Вообичаени се на Карибите и во тропските региони на западниот Атлантик.
Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема. Многумина истражувачи работат на ограничување на ширењето на овој вид црви и на социјалните мрежи поттикнуваат секој што ќе ги забележи да пријави.
За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.
На социјалните медиуми, минатиот месец, вакви црви првпат беа пријавени во Будва, Црна Гора.