Uncategorized
Пораст на европската јавна поддршка на ЕУ
Европската унија (ЕУ) ја поддржуваат 55 проценти од анкетираните граѓани што е за пет проценти повеќе од претходната анкета.
Европската унија (ЕУ) ја поддржуваат 55 проценти од анкетираните граѓани, што е за пет проценти повеќе од претходната анкета.
Ова се наведува во истражувањето спроведено во државите членки на ЕУ, како и во Романија и Бугарија. Во него се наведува дека се потребни “уште поголеми напори за информирање на јавноста за тоа што прави Унијата за Европјаните“.
“Единствен начин ЕУ да ја врати довербата на своите жители е да покаже резултати – безбедност, подобри можности на пазарот на трудот и подобар квалитет на животот“, изјави еврокомесарот за институционални врски на ЕУ Маргот Валстром.
Според заклучоците, забележан е и пораст на поддршката на Унијата од страна на граѓаните на Велика Британија, каде 42 проценти од нив оценуваат дека членството на оваа држава во ЕУ е “добра работа“.
Истото мислење, лани, го имаа 34 проценти од Британците, а пред шест години таков став имале 25 проценти од испитаниците.
Истражувањето на Евробарометар, спроведено меѓу 27.март и 1.мај годинава, се наведува дека поддршката за членство во ЕУ се зголемила на 55 проценти, а 54 проценти од Европјаните смета дека постојат бенефиции од членството во ЕУ.
Најголема поддршка на Унијата “доаѓа“ од Ирска, каде 77 проценти од испитаниците го оценуваат членството како “добра работа“. Најмалата поддршка е забележана во Австрија – 34 проценти, Летонија – 37 проценти и Финска – 39 проценти, инаку актуелен претседавач со Унијата.
Поддршката, во Германија, изнесува 57 проценти, што е за четири проценти повеќе од претходната анкета, додека во Франција таа изнесува 49 проценти – за три проценти повеќе од изминатото истражување.
Во Холандија, поддршката на членство изнесува 74 проценти.
Според анкетата, поддршката на европскиот Устав што допрва треба да биде усвоен изнесува 61 процент, а против него се 22 проценти од анкетираните.
Се намалува поддршката за идното проширување на Унијата Проширувањето го поддржуваат 45 проценти од испитаниците што е за еден процент помалку од изминатата анкета. Против се 42 проценти, што е за три проценти повеќе од претходно.
Испитаниците, како најголема грижа, ги наведуваат невработеноста и криминалот. Во истражувањето учествуваа вкупно 29.220 лица од 25 држави-членки на Унијата и од Романија и Бугарија.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.