Македонија
Сите програми на македонски јазик

Програмските сервиси, што се реемитуваат преку јавните комуникациски мрежи од јануари мора да бидат титлувани на македонски јазик
Програмските сервиси, што се реемитуваат преку јавните комуникациски мрежи од јануари мора да бидат титлувани на македонски јазик.
Советот за радиодифузија во четврток ги потсетува кабелските оператори дека рокот за започнување со титлување на македонски јазик истекува на 4-то јануари идната година, додавајќи дека во спротивно против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.
Сите оператори на јавни комуникациски мрежи ќе треба да обезбедат титлови на македонски јазик или коментари на македонски јазик, кај спортските канали, за телевизиските програмски сервиси кои ќе сакаат да ги реемитуваат на јазик различен од јазикот на кој се оригинално произведени./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре, сончево време со температури до 38 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.
Македонија
СДСМ: Патот Фариш – Дреново беше 90 отсто направен, тоа е наш проект

СДСМ со задоволство го одбележува завршувањето на експресниот пат низ Фаришката клисура – капитален инфраструктурен проект кој беше над 90% реализиран во времето на владата предводена од СДСМ, соопштија од опозициската партија, откако денеска премиерот Христијан Мицкоски со министри и директори го објави пуштањето во употреба на овој пат.
„Овој патен правец, долг 10,2 километри и вреден над 33 милиони евра, е еден од најсложените проекти на оваа траса, со изградба на два тунели, 21 мост, вијадукт, галерија и други клучни конструкции – сите завршени со над 90% во мандатот на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, по цела година власт, се слика на отворање на пат за кој само санираа едно свлечиште, поставија сигнализација и неколку огради. Толку. Но, најважно од сè – граѓаните од Прилеп, Битола, Ресен и целиот Пелагониски регион конечно добиваат современ и безбеден патен правец, важен за транспортот, економијата и секојдневниот живот. СДСМ, како одговорна партија, инвестираше сериозно во патната инфраструктура: експресниот пат Градско – Дреново, реконструкцијата на Плетвар, патот Прилеп – езерото, автопатот Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д. Тоа се реални резултати од нашата посветена политика за подобра инфраструктура и подобар животен стандард за сите“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден свој проект и промовира само проекти на СДСМ.
„Прашањето е што ќе прави кога ќе ги промовира сите проекти на СДСМ?“, велат од партијата.
Македонија
Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, на партиски конгрес едногласно му ја довери претседателската функција на Максим Димитриевски за нов четиригодишен мандат, објави портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов.
„На Конгресот, повеќе од 420 делегати едногласно му ја доверија претседателската функција на Максим Димитриевски за нов четиригодишен мандат. Ова не е само доверба. Ова е императив дека ќе продолжиме да ја водиме Македонија не со калкулантство и пазарење, туку со чесност, државотворност и непоколеблива посветеност кон народот“, рече тој.
Мемов кажа дека ЗНАМ не влегол во институциите за моќ, туку за правда, ред и државност.
На Конгресот беa избрани новите состави на Централниот одбор кој брои 80 членови и надзорниот одбор со 5 членови.
Меѓу избраните членови на ЦО се: Марин Докузовски, поранешен селектор на кошаркарска репрезентација на Македонија, д-р Билјана Ќупева Туџаровска, доктор на науки, Филолошки факултет, Јане Алтипармаков, самостоен уметник, дипломирал филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности, Игор Митрески, поранешен фудбалски интернационалец и репрезентативец на Македонија, д-р Александар Петров, доктор на науки, дипломиран машински инженер, м-р Александар Крстевски, докторант на Економски факултет-политичка економија, м-р Љубе Маркоски, магистер за стратегиски менаџмент на мали и средни бизниси
„Ова не се луѓе од старите политички шеми. Ова се луѓе кои не се дел од компромитираните кругови на минатото, туку гласници на новото време. Тие се доказ дека Движењето ЗНАМ не гради кадри за позиции, туку тим за промени“, рече Мемов.
За генерален секретар на Движење ЗНАМ е реизбран Горан Минчев, дипломиран економист, актуелен министер за јавна администрација, за потпретседатели на партијата беа избрани Павле Арсоски, доктор на историски науки, генерал-мајор во пензија, актуелен пратеник во Собранието на РМ, Весна Бендевска, дипломиран психолог, актуелен пратеник и потпретседател на Собранието на РМ и Борче Серафимовски, Факултет за меѓународна економија и администрација, актуелен државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За Организациски секретар е избран Сашо Петрушевски, дипломиран машински инженер, а за Претседавач на Централниот одбор е избран Игор Филков, дипломиран правник, актуелен министер за правда.