Свет
Америка сè уште во страв од нападите на Ал-Каеда

И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк и Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.
И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк и Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.
Според најновиот извештај за состојбата за безбедноста, изнесен на неодамна одржаната панел дискусија на која присуствувале голем број американски експерти, најголемиот дел на извештајот бил посветен на улогата на американските државјани поврзани со Ал-Каеда и со сродните терористички организации во светот.
Во извештајот стои и фактот дека во земјата се наоѓаат сè поголем број на терористи и припадници на милитантните исламистички организации кои не припаѓаат ниту на една етничка или верска заедница и не се вклопуваат во ниту еден познат социјален или економски профил, поради што е тешко да се лоцираат и откријат.
САД како што наведуваат експертите, се соочени со раширена мрежа на потенцијални терористи способни за сите видови на напади, поставување на автомобилски бомби, симултани напади на бомбаши самоубијци, поединечни пресметки со огнено оружје или кражби на авиони, но нивните методи не се ни приближно софистицирани во споредба со нападот од 2001 година.
Поради тоа и превентивната акција за спречување на таквите напади бара поактивна организација и вклучување на државните органи, но и на локалните единици и поединци.
Извештајот за потенцијална опасност од терористички напади го објави Групата за национална подготвеност, со која претседаваат поранешни високо позиционирани владини претставници Ли Хамилтон и Том Кен, своевремено и членови на комисијата за истражување на нападот од 11 септември.
Тие предупредуваат дека Ал-Каеда и понатаму има потенцијал да убие десетици илјади луѓе со еден напад, а оти масовните жртви на тлото на САД за нив има посебна тежина.
Во истиот извештај се предупредува и како посебна опасност се претставува фактот дека идеологијата и методологијата на работата на Ал-Каеда навлезе во многубројни милитантни исламистички организации во светот, кои го прифаќаат нејзиниот начин на работа.
Поради тоа САД во последниве неколку години доби нови непријатели против кои не е лесно да се бориш, тврдат експертите за сигурност на САД.
Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.Терористичката група се состоела од вкупно 19 учесници од арапските земји, од кои повеќето биле од Саудиска Арабија. Тие, управувајќи четири киднапирани патнички авиони полни со гориво, се урнале во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.
Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите во Њујорк, после што и двете кули се урнале, по нив и две соседни згради, а уште три згради биле тешко оштетени./крај/ин/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести низ целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“, владиниот предлог беше изгласан, додека левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.
Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприлагодлив и поефикасен, овозможува на работодавачите во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно, наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.
Владата тврди дека со новите правила се зголемува флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавачот и вработениот.
Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа, предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници „ADEDY“ порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и општествениот живот и укинување на работничките права“.
Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.
Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулира продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.
И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.
Свет
Индонезија, Азербејџан и Пакистан – три земји во преговори за мировна мисија во Газа

Американски официјален претставник изјави дека Индонезија, Азербејџан и Пакистан разговараат со САД за можноста да испратат војници во идната меѓународна мисија за стабилизација на Пojaсот Газа, објави американски функционер од одбраната, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите, јавува „Политико“.
Ова е дел од планот во 20 точки за мир предложен од Доналд Трамп, кој предвидува привремени сили за обука и поддршка на палестинската полиција и соработка со Египет и Јордан.
САД нагласуваат дека американски војници нема да влегуваат во Газа, туку ќе дејствуваат од координативен центар северно од Израел. Египет, Катар и ОАЕ ќе имаат свои официри таму. Досега нема официјални потврди од трите земји.
Целта на мисијата е привремено да се обезбеди обука на палестинските безбедносни структури и да се овозможи разоружување на Хамас. Аналитичари и дипломати ја доведуваат во прашање изводливоста на планот, а формирањето на силите може да трае неколку месеци од моментот на одлуката.
Свет
„Борбата не е завршена“ – Нетанјаху решен да ги врати сите тела на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е решен да ги врати сите тела на заложниците што сè уште се во рацете на Хамас.
Тој ја повтори својата порака за време на одбележувањето на втората годишнина од нападот на Хамас велејќи:
„Борбата уште не е завршена, но едно е јасно – секој што ќе крене рака против нас, ќе плати висока цена“.
Израел го обвини Хамас за прекршување на договорот за примирје, според кој сите заложници – живи и мртви – требало да бидат предадени до понеделник. Хамас предаде 20 живи заложници и девет тела, но тврди дека за другите му е потребна специјална опрема за пребарување под урнатините.
Министерот за одбрана Израел Кац порача дека ако Хамас не го почитува договорот, Израел во координација со САД ќе ја продолжи офанзивата до целосен пораз на организацијата.