Спорт
Објавена ждрепката за ракометната Лига на Шампиони
Македонскиот шампион Вардар Про доколку ги мине квалификациите ќе игра во групата Д каде противници ќе му бидат Кил, Колдинг, Барселона, Амичитија.
По одржувањето на ждрепката во Виена се одредедија составите на групите за ракометната Лига на Шампиони, која од следната сезона се игра по нов систем од 24 екипи поделени во четири групи по шест тимови.За оние кои незнаат, Вардар Про” во квалификациите ќе играат против Динамо од Минск (Белорусија), Будуќност П. (Црна Гора) и Бешикташ (Тур), а важно да се напомене е тоа дека само првопласираната екипа ќе избори пласман во елитното натпреварување.Составот на групите во Лигата на Шампионите:Група А: Чеховски Медведи, Монпеље, ПИК Сегед, Ваљадолид, Констанца, победникот од квалификациската група 1
Група Б: Веспрем, Горење, Шамбери, Рајн Некар, Босна, победникот квалификациската група 2
Група Ц: Сиудад Реал, Кроација Осигурување, Хамбург, Копенхаген, Алингсас, победникот од квалификациската група 3
Група Д: Кил, Колдинг, Барселона, Цирих, победникот од квалификацискиот турнир “Вајлд Карта”, победникот од квалификациската група 4 (Вардар Про)Првата фаза од натпреварувањето стартува на 30 септември, а ќе заврши на 7 март.
И ждрепката од групната фаза во Лигата на Шампионите во конкуренција на ракомeтарки:Група А: Виборг, Подравка, Лајпциг и победникот од квалификациската група 1Група Б: Хипо, Крим, Мец и победникот од квалификациската група 4Група Ц: Ѓер, Олтцим, Итксако и победникот од квалификациската група 2Група Д: Динамо, Ларвик, Будуќност и победникот од квалификациската група 3Првото коло од натпреварувањето по групи за сезоната 2009/10 е предвидено за 24/25 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал се спаси од пораз во Елче, за судењето повторно ќе има жестоки дебати
Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа 2:2 во Елче во рамките на 13-то коло во Примера. Претпладнево првиот човек на Реал, Флорентино Перез одржа говор на Собранието на клубот. Во говорот од 78 минути тој ги критикуваше судиите, а токму овој натпревар го обележа судиската одлука на крајот од натпреварот, која беше во корист на Реал Мадрид. Реал изедначи во 87-та минута, а на голот му претходеше очигледен прекршок врз голманот на Елче, Ињаки Пења.
Елче, одигра храбро против фаворитот, два пати водеше на крајот освои само еден бод.
Елче имаше неколку добри шанси во првиот дел. Првата ја промаши Рафа Мир, но Куртоа брилијантно интервенираше. Потоа одлична шанса имаше и Андре Силва, кој сакаше несебично да го проигра Мир, но Хаусен интервенираше во последен момент.
Потоа на сцената излезе Ињаки Пења на другата страна. Мбапе имаше две големи шанси, но голманот на Елче беше херој во двата наврати. Прво, го запре во ситуација еден на еден, а потоа покажа добра рефлекс кога францускиот репрезентативец фати волеј од работ на шеснаесетникот.
Алеш Фебас го доведе својот тим во водство во 53-та минута, ја имаа предноста се до 78-та минута кога изедначи Дин хаусен.
Во 84-та минута, Елче повторно ги израдува своите навивачи преку Алваро Родригез, но славјето не траеше долго. Џуд Белингам изедначи три минути подоцна.
Реал го задржа првото место, но сега има само еден бод повеќе од Барселона, која е во серија од три триумфи. Три бода помалку има одличниот Виљареал, кој четири победи во низа, а четири бода од Реал е оддалечен Алетико Мадрид, чии фудбалери победија на последните пет натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Мењон му одбрани пенал на Чалханоглу, Милан го победи Интер
Милан го победи Интер со 1:0 во 1983-то „Дерби дела Мадонина“. Дербито го реши Кристијан Пулишиќ во 54-та минута. Апсолутен херој е голманот на Милан, Мајк Мењан, одбрани неколку тешки удари, вклучувајќи го и пеналот шт го изведе Хакан Чалханоглу во 74-та минута. Масимилијано Алегри, за кого ова е втор мандат на клупата на Милан, ја забележа 100-та победа како тренер на славниот клуб.
Победата на Милан во градското дерби направи вистонски метеж на табелата во Серија А. Рома е лидер со 27 бода, два повеќе од Милан и Наполи и три повеќе од Интер и Болоња.
Милан шести пат по ред остана непорезен во дуелите со градскиот ривал. Вечерва, Интер играше подобро, создаде неколку добри шанси, но Мењан и рамката на голот, не дозволија да се тресе мрежата на Милан.
Во првото полувреме стативата беше сојузник на Мењон по ударите на Ачерби и Лаутаро Мартинез.
Моментот на одлука се случи во 54-та минута, по ударот на Салемакерс, Зомер ја одби топката, на која налета Пулишиќ и од пет метри ја смести во голот.
Who else? The face of Milan pulls them ahead.
Christian Pulisic is back from injury and picking up where he left off. 🔥 #USMNT
— herculez gomez (@herculezg) November 23, 2025
20 минути подоцна по невнимателниот старт на Павловиќ врз Тирам, Интер доби пенал, но Мењан го прочите Чалханоглу и го одбрани неговиот удар. Турскиот репрезентативец, втор пат промаши пенал во тековната сезона, тоа му се случи во дербито со Наполи.
MAIGNAN SAVES THE CALHANOGLU PENALTY! pic.twitter.com/IanzqFnU10
— Milan Posts (@MilanPosts) November 23, 2025
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларни ножички на Роналдо во 96-та минута
Португалецот Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет.
Капитенот на Ал-Наср постигна можеби еден од најубавите голови откако пристигна во Саудиска Арабија.
Роналдо изведе акробација во судиското продолжение против Ал-Калеја, со што стави точка на убедливата победа (4:1).
Во шестата минута од судиското продолжение, Португалецот постигна гол со ножички, совршено ја фати топката и ја смести во горниот дел од голот на гостите.
Годините се само бројка за Роналдо, а на 40 години е способен да изведе такви акробации.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025

