Македонија
Медал за заслуги за Македонија за шест спортисти
Македонскиот претседате Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” одликува шест македонски репрезентивци
Македонскиот претседате Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” одликува шест македонски репрезентивци.
Медал добија ракометарот Кирил Лазаров, фудбалерот Горан Пандев, боксерот Вели Мумин, ракометарките Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска и кошаркарот Врбица Стефанов.
Одличјето на спортистите им се доделува „за постигнатите врвни резултати во спортот, со што дадоа значителен придонес за неговиот развој и популаризација во земјата, како и за афирмација на Република Македонија на меѓународен план“
Претседателот Црвенковски одликувањата на спортистите ќе им ги врачи на церемонија во Собранието во вторник./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Кичево, на Пресека и Буково.
Активни забрани за тешки товарни возила
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Гостивар – Стража – Кичево
· Струмица – Берово
· Пресека
· Ѓавато
· Плетвар
· Тетово – Попова Шапка
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови
Денеска ќе биде променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Утре ќе има повремени врнежи од снег со претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени. Од средината на неделата ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето
Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во врска со пресудата на Основниот кривичен суд во случајот „Тврдина“.
Таа во објава на социјалните мрежи додава дека борбата за правда продолжува и изрази надеж дека граѓанската постапка ќе донесе разрешница за масовното прислушување.
„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.
Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушкување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето“, пишува Јанкулоска.