Црна хроника
Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк
Четириесет ипетгодишната Р.С. од Скопје е жената која се запали во вторник во Градскиот парк во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи, информира Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје во вторникот изврши увид во Градскиот парк, на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал за кој јавниот обвинител издаде Наредба за криминалистичко-техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.
Јавниот обвинител изврши и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот го слушнал пискот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.
Основното јавно обвинителство – Скопје работи на утврдување на причините на настанот./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.