Спорт
Огненовски стрелец за Австралија во демолирањето на Узбекистан
Австралиската фудбалска репрезентација се пласираше во финалето од Азискиот куп, откако во второто полуфинале одиграно во Доха го прегази Узбекистан со 6:0
Погодоците за Австралија ги постигнале Хари Кјуел во 5., Македонецот Сашо Огненовски во 34. , Давид Карнеј во 65, Брет Емертон во 74., Карл Валери во 82. и Роби Круз во 89. минута. Узбекистан од 69. минута играл со иргач помалку откако бил исклучен Улугбек Бакаев. Австралија во своето второ настапување во завршницата од Азиското фудбалско првенство а првпат за тутулата, откако пред неколку години преминаа од зоната Океанија. Узбекистан дебело се порамоти во својот прв полуфинален настап во историјата, притоа според агенциските извештаи несоздавајќи ниту една шанса за загрозување на противничкиот голман. Во сабота за титулата ќе се сретнат Австралија и Јапонија, која со подоброто изведување на пеналите во првото денешно полуфинале ја совлада Јужан Кореја, откако мечот заврши 1:1 во регуларниот тек а по продолженијата резултатот гласеше 2:2.Ова е 15-ти Азиски куп, а најмногу титули по три имаат освоено Јапонија, Саидиска Арабија и Иран, со што Јапонците добиваат можност да станат првата нација со освоени четири фудбалски титули. Сашо Огненовски е најдобриот фудбалер минатата година во Азија во изборот на фудбалската федерација на овој континент, роден е 1979 г. А игра на позицијата централен стопер на јужнокорејскиот Сеонгам со која во ноември ја освои азиската Лига на шампиони за фудбалер на годината во Азија, Фудбалската кариера Огненовски ја започнал во 1997 г. во екипата на Престон Лајонс и до 2009 г. кога се пресели во Јужна Кореја, настапувал за екипи од Австралија. Исклучок е само сезоната 2002/2003 кога играл во грчкиот Панахаики.Оваа година Огненовски дебитираше и во дресот на репрезентацијата на Австралија, беше на чекор да заигра за Македонија, се најде на списокот на поранешниот селектор Среќко Катанец, но тој не доби пасош и не заигра за Македонија, а потоа и ФФМ премолчено се откажа од него. Потоа и актуелниот селектор Мирсад Јонуз, не го ни повика иако во повеќе мечеви се судруваше со повреди на искусни играчи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод.
Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма.
Рајо е првиот тим што остана непоразен оваа сезона дома против Реал и Барселона. Само два клуба успеаја да го сторат тоа минатата сезона: Осасуна и Бетис.
Подоцна во текот на денот, Мајорка го победи Хетафе со минимален резултат, со голот на Муричи во 14-та минута.
Валенсија освои бод во финишот на натпреварот против Бетис. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Бетис водеше од 74-та минута кога Хернандез постигна гол. Валенсија го дојде во 82-та минута преку Риоха.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.

