Свет
Почина нобеловката Вангари Маатхаи
Кенијката Вангари Маатхаи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2004 година за нејзиниот ангажман за заштита на околината почина во неделата на 71-годишна возраст по боледување од канцер, соопшти денеска движењето кое таа го основа Гринбелт.
Кенијката Вангари Маатхаи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2004 година за нејзиниот ангажман за заштита на околината почина во неделата на 71-годишна возраст по боледување од канцер, соопшти денеска движењето кое таа го основа Гринбелт.„Со неискажлива тага семејството на Вангари Маатхаи соопштува за нејзината смрт која настапи на 25-ти септември 2011 година, по долгата и храбра битка со ракот“, се наведува во соопштението на интернет страницата на Гринбелт што го цитираат светските агенции.Во 2004 година, Маатхаи ја доби Нобеловата награда за ангажман на нејзиното „Движење на зелениот појас“ кое го основала во 1977 година, со што стана првата Африканка на која и’ е врачена оваа награда. Главната цел на нејзиното движење е садењето дрвја во Африка со што се сака да се поттикне биодиверзитетот со создавање работни места и да се вреднува нивниот придонес во општеството. Од своето основање движењето досега има засадено речиси 40 милиони дрва на африканскиот континент. Маатхаи е првата жена којашто докторирала во средна и источна Африка. Таа раководеше со кенискиот Црвен крст во текот на 1970-те а потоа беше државна секретарка за околината на Кенија од 2003 до крајот на 2005 година. Во нејзината автобиографија објавена 2006 година под наслов „Непокорена: историјата на една жена“, таа раскажува како под влијанието на климатските промени природната околина страда во нејзината родна област Маунт Кенија. Последните години од животот Маатхаи беше ангажирана на заштитата и зачувувањето на прашумите во Конго, втората по големина област во светот по Амазонија, покриена со тропски шуми/крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.