Свет
Единаесет убиени во Јемен
Најмалку 111 лица загинаа во вторникот во главниот град на Јемен во судирите меѓу силите на безбедноста и демонстрантите кои бараат заминување на претседателот Али Абдулах Салех.
Најмалку 111 лица загинаа во вторникот во главниот град на Јемен во судирите меѓу силите на безбедноста и демонстрантите кои бараат заминување на претседателот Али Абдулах Салех. Најмалку 34 лица се убиени во последните четири денови, а повредени се повеќе од сто во слични судири низ разни градови на Јемен.Советот за безбедност при Обединетите нации седмицава треба да ја донесе одлуката за резолуција со која „силно ќе го осуди кршењето на човековите права што го прави јеменската влада“ .Со оваа резолуција од претседателот на Јемен, Али Абдулах Салех ќе се бара „веднаш да го потпише и примени“ мировниот план кој го осмислија земјите од Советот за соработка на земјите од Персискиот залив (GCC), со кој од него се бара да отстапи од власта. Жителите на јеменската престолнина Сана“а за странските агенции изјавуваат дека безбедносните сили ги нападнале демонстрантите кога тие им се доближиле на владините згради. „Засега имаме 50-ина ранети, повеќето во критична ситуација. Имамe и 80 до 90 луѓе коишто настрадаа од солзавец“, изјавила за Reuters, лекарката Џамила Јакуб. Меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International смета дека претседателот Салех кој со Јемен владее со цврста рака речиси три децении, не смее да ужива имунитет поради кршењето на човековите права. „Меѓународната заедница мора да испрати јасна порака дека во секој преоден договор мора са стои дека оние коишто се одговорни за погубувањата, мачењата и исчезнувањето на луѓето во Јемен, мора да одговараат“, се наведува во соопштението на организацијата. Претседателот Салех во неделата изјави дека постои „сеопфатна документација за соработката меѓу Ал Каеда и Муслиманското братство, којашто упатува на дестабилизација на земјата и воен удар“. Според него опозицијата ја сочинуваа „пореметени луѓе кои не можат да спијата туку само ја посакуваат власта“, пренесува CNN.Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари годинава е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку а една третина се бори со хроничен глад.Претседателот Салех кој во државата се врати н апочетокот од октомври и пет други високи функционери на Јемен се наоѓаа во Саудиска Арабија, каде што се лекуваат по нападот врз џамијата во комплексот на претседателската резиденција во Сана’а од 3-ти јуни. Тогаш врз Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Противниците Салех бараат негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Водечката опозициска организација во земјата „Револуционерна младина на Јемен“ на почетокот од есенва го повика претседателот Салех да си поднесе оставка и апелираше на итно формирање преоден револуционерен совет, кој треба да ги преземе ингеренциите и да го подготви новиот устав на земјата.Во истиот период и повеќе од сто влијателни племенските и верските лидери во Јемен, исто така, повикаа на брзо спроведување на претседателските избори во земјата. Тиево јуни годинава издадоа писмена изјава, во која уште еднаш побараа оставка од претседателот Салех и избор на нов претседател во рок од 60 дена.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/ро/цнн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рутe: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Алијансата внимателно ја следи ситуацијата на Западен Балкан.
Тој го изјави ова на прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, пред утрешниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, одговарајќи на прашање за тоа како ја гледа моменталната безбедносна состојба на Балканот.
„Сакам да нагласам дека внимателно ја следиме ситуацијата и дека преку КФОР и нашите други активности на Западен Балкан, во Босна и Херцеговина, но и на Косово, сме многу ангажирани и будно го следиме развојот на настаните“, рече Руте, пренесува Танјуг.
Зборувајќи за ситуацијата во Косово, тој изјави дека НАТО сè уште чека одговорност за настаните во Бањска, како и за други настани во текот на 2023 година.
Тој додаде дека НАТО никогаш нема да прифати безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина и посочи дека тие внимателно ги следат настаните и таму.
Свет
Италија и Полска нема да се приклучат кон Oдборот за мир на Трамп
Италија и Полска објавија дека нема да се приклучат на новиот „Одбор за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, иницијатива која беше замислена како инструмент за прекин на огнот во Појасот Газа, но која Трамп сака да ја прошири на глобално ниво.
Повеќе западни земји се воздржани поради поканата до Русија и Белорусија, стравувајќи дека Одборот би можел да стане паралелен механизам на Обединетите нации.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека земјата нема да се приклучи „во овие околности“, но ја остава можноста отворена за понатамошна анализа.
Италија, пак, има „уставна пречка“ за влез во вакви структури кои не обезбедуваат еднакви услови за сите членки, објасни шефот на дипломатијата Антонио Тајани. Премиерката Џорџа Мелони претходно побарала од Трамп да ги смени правилата за да може Италија да се приклучи.
Свет
Зеленски лут за недостигот од „Патриот“ – претставник на НАТО вели: Не е доцнење, туку логистика“
Недостигот од пресретнувачки ракети од системот „Патриот“ со кој се соочија украинските вооружени сили во јануари – а кој ѝ овозможи на руската армија да нанесе штети на енергетската инфраструктура – не е поврзан со доцнења во плаќањата од европските донатори или со други финансиски проблеми, изјави претставник на НАТО во Брисел, во очи состанокот на министрите за одбрана на Алијансата, пренесува „Европска правда“.
Анонимен функционер од НАТО, вклучен во набавката на американско оружје за Украина, нагласи дека не постоело никакво доцнење или застој во испораките поради финансирање. Според него, ракетите што се испраќаат преку програмата PURL пристигнуваат со најголема можна брзина според капацитетите на американскиот логистички систем.
„Од јули досега, нема дополнителни прекини. Програмата се одвива според планот“, изјави тој.
Нагласи и дека структурата на американските резерви за ПВО значи дека спомнатото „доцнење со плаќање“ во Киев не може да влијае на испораките. „САД не одложува поради финансии“, додаде.
Иако ги негираше финансиските проблеми како причина за доцнењата, НАТО-претставникот призна дека загриженоста на украинскиот претседател е разбирлива.
„Зеленски е сосема во право – Украина критично се соочува со недостиг од муниција, особено од ракети PAC-2 и PAC-3“, рече тој. Дури и механизмот PURL не може целосно да го задоволи бараниот обем кога Русија врши масовни напади и го преоптоварува украинскиот ПВО-систем.
„Логистиката е непредвидлива – не можеме точно да кажеме кој ден ракета ќе ја премине границата“, објасни официјалниот претставник, но повтори дека тоа не зависи од финансирањето, туку од логистичките синџири.
Зеленски, на Светскиот економски форум во Давос претходно годинава, го искажа незадоволството, посочувајќи дека „траншата од PURL не е платена – ракетите не дојдоа“. По таа изјава, НАТО соопшти дека неколку земји-партнери ќе ѝ помогнат на Украина со ракети од сопствени резерви.
Шест земји кои досега најмногу придонеле за набавка на американско оружје за Украина, според украинскиот амбасадор при НАТО, се: Норвешка, Холандија, Германија, Канада, Шведска и Данска.

