Контакт

Македонија

ДИК да ги поништува изборните резултати заради финансирањето на кампањите

Објавено пред

Државната изборна комисија да може да ги поништи изборните резултати доколку се појават нерегуларности во финансирањето на изборните кампањи на политичките субјекти за да се сфатат изборите како државна придобивка, бараат политичките експерти

dobivaj vesti na viber

Да се отстрани психичкиот притисок во изборниот процес  во Македонија, да се ажурираат избирачките списоци, да се регулира финансирањето на кампањите на политичките субјекти, учесници во изборите и да се обучи администрацијата се дел од препораките на експертите за подобрување на изборниот процесСамо 40 отсто од постапките против нарушителите на изборниот процес од 2008 година се завршени, а по завршувањето на главните претреси надлежните основни судови за 23 лица донеле осудителни пресуди, а ослободени од обвинение се 2 лица, заклучиле набљудувачите на Коалицијата Сите за правично судење. Професорката Тања Каракамишева, која соработувала со Коалицијата во изработка на Извештајот за институционалниот одговор против изборните нерегуларности 2008-2009 година смета дека финансирањето на изборните кампањи се уште е еден од поголемите проблеми во изборните процеси во Македонија. Незадоволна од начинот на кој партиите и политичките субјекти ги доставуваат финансиските извештаи до Државниот завод за ревизија предлага да се направи образец што ќе го поплнат сите подеднакво. “Државниот завод за ревизија потполно ја промарши работата. Или тој треба да добие јаки законски решенија и регулативи или да се најмат странски или домашни агенции што ќе бидат задолжени за обработка на финансиските извештаи“, рече Тања Каракамишева на денешната презентација на Финалниот извештај.  Според неа, треба да се поднесуваат финансиски извештаи најмалку три пати, при распишувањето избори, на средина на процесот и по завршување на изборите, а на крај да може да се споредат потрошените средства со пријавените. Исто така, Каракамишева предлага еден отсто од Буџетските средства наменети за изборите да се поделат на сите политички субјекти подеднакво за кампања, со што би се избегнало и политизирање на медиумите. Каракамишева забележува дека за последните претседателски и локални избори, без разлика што во Извештајот на Антикорупциска за постоење дискрепанца во однос на финансирањето на кампањите со препорака јавен обвинител да покрене постапка против политичките субјекти, тоа не е направени и никој не го проследува. Како крајна мерка, Каракамишева предлага Државната изборна комисија да може да ги поништи изборните резултати врз основа на несоодветствување на финансиските извештаи и потрошените пари, затоа што само на тој начин ќе се смени практиката на наштите поилитичари, кои на досегашниот начин знаат дека ќе поминат неказнето, па продолжуваат по старо. Според неа и фактот што членовите на ДИК се од политички паритии доведува до тоа многу извештаи на ОИК за нерегуларности да не стигнат до јавниот обвинител како докази по кои може да се постапува. Проблемите со избирачкиот список може да се надминат доколку се ажурира стариот список, а како препорака во Извештајот се наведува да се создаде друг список, посебен, за граѓаните на Македонија, кои подолго време живеат во странство. Исто така, Каракамишева вели дека без разлика што на последните избори во Македонија немаше оружено насилство, сепак присутно беше психичкото насилство, кога групи луѓе гласаа под притисок за одредена политичка опција, а особено тоа е присутно во руралните средини и во помалите изборни единици. Како четврт проблем е забележана неспремноста на изборната администрација, која како што препорачува Извештајот, треба многу порано да почне со обуки, а не неколку месеци пред избори. ДИК да биде столб на изборниот процес со подготвени упатства за пониските органи, за да не се дојде до ситуација како што годинава се случи со членот 7 од Изборниот законик кога различно се толкуваше дали може човек осуден на казна затвор од 6 месеци да биде кандидат или не. За Александар Чочоровски, кој исто така работел на Извештајот незамисливо е што полицијата била директен учесник во неколку нерегуларности на изборите, а казнети се само директните учесници, 12 полициски слиужбеници, но никој од повисоките полициски инстанци не сноси никаква одговорност.Извештајот е изработен по специјална методологија со следење на судски процеси и собирање информации од релевантни институции, ДИК, Врховен и Управен суд, Антикорупциска, Државниот завод за ревизија, Советот за радиодифузија и други. Коалицијата Сите за правично судење Финалниот извештај го спрведе со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ и фондавијата ФИООМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ

Објавено пред

„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.

Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода денеска дел од Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

dobivaj vesti na viber

· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија8 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет12 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет13 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет20 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет21 час

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет21 час

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет21 час

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет22 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...