Спорт
За Лев Шпанија е новиот шампион
Германскиот селектор смета дека Шпанија докажа дека е најдобрата репрезентација на светот последените години, додека неговите фудбалери сметаат дека во Дурбан не биле доволно Храбри. Дел Боске и Виља ја респектираат Холандија
„Пресреќен сум и горд на моите играчи. Не сакам да зборувам за имиња, сите подеднакво се заслужни за овој триумф и голем резултат кој го остваривме. Пред нас остана уште еден натпревар и сакаме првенството да го затвориме со победа. Ја знаеме холандската сила и не’ очекува неизвесен меч“, изјави по натпреварот со Германија, шпанскиот селектор Винсенте дел Боске. „Среќен сум бидејќи ова беше наш најдобар меч на првенството. Бевме најважни кога требаше. Германија практично немаше ниедна шанса на натпреварот. Го остваривме најголемиот резултат во историјата на нашата репрезентација, но пред нас е уште еден чекор“, вели Давид Виља кој беше заменет на вечерашниот меч против „елфовите“ во второто полувреме. „Сакам да им честитам на Шпанците на победата, верувам дека ќе станат светски прваци. Најдобри се на светот последните две-три години Одлично ја држеа топката што ни создаваше големи проблеми. Заради тоа се трошевме и немавме доволно свежина“, изјави Јоаким Лев, кој по вторпат губи меч од шпанската репрезентација во еден многу важен меч, по финалето на Евро 2008 г.Германскиот капитен Филип Лам е разочаран од исходот.„Разочарувањето е огромно. Тешко е да се загуби во полуфинале и во моментов немам никаква волја да играм за третото место. Во првото полувреме не игравме доволно храбро и тоа беше клучно“, вели Лам.„Тешко е сега нешто паметно да се каже. Пораз во полуфинале е шок за сите. Имам чувство дека вечерва паднавме бидејќи не бевме доволно храбро. Меѓутоа, мораме да бидеме горди од она што го постигнавме на првенството, а уште не е завршено“, вели младиот германски голман Мануел Неуер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Астон Вила не запира, Роџерс му пресуди на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Астон Вила го победија Манчестер Јунајтед (2:1) на свој терен во дербито на 17-то коло од Премиер лигата. Астон Вила ја забележа скромната шеста победа во 61-от меѓусебен дуел со Јунајтед во Премиер лигата.
Головите, со кои Вила ја продолжи победничката серија ги постигна Морган Роџерс во 45-тата и 58-та минута. На другата страна, Матеус Куња погоди во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
За да биде уште полошо за „црвените ѓаволи“, капитенот и најдобар играч Бруно Фернандес се повреди и ја напушти играта на полувремето.
Единствениот позитивен факт е дебито на Џек Флечер (18), син на познатиот Дарен, играч на првиот тим на Јунајтед од времето кога клубот предовен од сер Алекс Фергусон владееше во Премиер лигата.
Роџерс речиси постигна два идентични гола на овој натпревар, со прецизен удар во спротицниот агол, при што првиот беше особено импресивен.
Куња постигна гол по големата грешка на Мети Кеш и добрата реакција на Патрик Доргу.
Куња беше тој што ја имаше најдобрата шанса во 68-та минута за израмнување, но неговиот удар со глава заврши покрај стативата.
Вила ја забележа својата 10-та победа по ред во сите натпреварувања и моментално е трета во Премиер лигата со 36 бода, три помалку од лидерот Арсенал. Следен противник за тимот на Унаи Емери е Челзи.
Јунајтед е седми со 26 бода, а негов следен ривал е Њукасл.
Фото/ Depositphotos
Спорт
Тренерот на Милан се соочува со жестока казна
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, е соочен со долга суспензија поради навреда на спортскиот координатор на Наполи, Габриел Оријали, за време на полуфиналето на италијанскиот Суперкуп помеѓу двата клуба во четврток вечерта.
Како што објавува „Газета Спорт“, тренерот на второпласираниот тим од Серија А би можел да добие казна од неколку натпревари во домашното првенство поради несоодветните зборови што му ги упатил на поранешниот италијански фудбалер.
Во случај да не добие суспензија, трофејниот италијански стручњак веројатно ќе биде „удрен во џебот“, а Дисциплинската комисија е таа што треба да одлучи каква казна ќе му одреди на Алегри.
Од Наполи веќе изјавија дека се надеваат, дека Алегри ќе добие соодветна казна за своето простачко однесување.
„Се надеваме дека овој целосно неконтролиран напад нема да помине незабележано, особено затоа што, со 33 камери вклучени во продукцијата на настанот, беше невозможно да не се види што се случи“, се вели во соопштението на клубот кој ќе се бори против Болоња за титулата победник на италијанскиот Суперкуп.
За потсетување, Милан ќе го игра својот следен натпревар во Серија А само во недела, 28 декември во Верона.
Foto/ freerangestock

