Македонија
Бучковски: Ваков СДСМ не е алтернатива за Груевски
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) според принципите на кои денес е раководен и според промоцијата на политиките, не претставува сериозна алтернатива на Никола Груевски.
Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) според принципите на кои денес е раководен и според промоцијата на политиките, не претставува сериозна алтернатива на Никола Груевски.Ова денеска го изјави поранешниот претседател на СДСМ Владо Бучковски во интервју на Радио Слободна Европа во врска со критиките што ги упатува во последно време за функционирањето на најголемата опозициска партија. „Дефинитивно јас како поранешен претседател на СДСМ чувствувам одговорност за она што го гледам и слушам како состојба во партијата и затоа мислам дека со оваа моја серија анализи се обидувам да помогнам на СДСМ да функционира поинаку“, вели Бучковски. Тој негира дека целта на неговите критики е да го изложи лидерот на партијата Бранко Црвенковски на тапет за тоа што се случува во моментов во партијата, туку да се создаде атмосфера за победа во наредните избори.„Црвенковски е најодговорен да создаде ситуација каде што неговото заминување, што очигледно мора да се случи порано или подоцна, нема да претставува потоп и нема да биде создадена атмосфера дека единствено тој е оној кој може да го победи Груевски и ВМРО ДПМНЕ туку тој мора да создаде систем која ќе биде сигурна гаранција дека на идните парламентарни избори СДСМ може да го победи ВМРО ДПМНЕ“, рече Бучковски.Според него, времето ќе покаже дека демократизација за која, тој денес говори, ќе мора да се случи порано или подоцна и ќе биде реалност во СДСМ.Јас не претендирам Црвенковски да биде сменет на недемократски начин, но ако е сигурен во поддршката на членството, сметам дека негов најголем интерес би било тој да е промотор на идејата за непосредни демократски избори, уште повеќе што по дефиниција политичките партии се реформираат кога се во опозиција, изјави Бучковски.Иако е свесен дека таквата идеја нема да има поддршка кај раководството на партијата, Бучковски е уверен дека идејата би добила поддршка кај поширокото членство и симпатизерите на партијата.„Јас ова го правам затоа што сум свесен дека во овие околности начинот на кој владее Никола Груевски е штетен за Македонија, комоцијата која сега тој ја има е поради тоа што опозицијата не е на она ниво на кое треба да биде една опозиција во држава каде што е загрозена демократијата, каде што не владее правото и каде што е загрозена слободата на медиумите “, смета Бучковски. /крај/рсе/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова на средба со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.
„На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан“, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Таа се заблагодарила за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.
Посочила на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.
Соговорниците го споделиле мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.
Претседателката повикала на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.
Сиљановска-Давкова изразила сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.
Двајцата претседатели размениле мислења и за актуелните случувања на глобален план.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 11 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на утрешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Министерот – глумец контра правата на културните работници, велат од Левицата
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, реагираат од Левица.
„Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.
За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10 проценти, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го суспендираше..
За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид декана културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги“.
Ароганцијата, додават од оваа партија, оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа, како што велат, на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. „
Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.
Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување“.
Левица го повикува министерот, како што истакнуваат, да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници.

