Контакт

Книги

Авторката на ‘Педесетте нијанси на сивата' најплатената писателка на годината

Објавено пред

Британската писателка Ерика Леонард или Ерика Мичел, најпозната како Е.Л. Џејмс, авторката на еротската трилогија „Педесетте нијанси на сивата“, е најдобро платената писателка на светот.

dobivaj vesti na viber

Авторката којашто почна да пишува пред само четири години, а со нејзините извонредно добро прифатени романи ка популаризираше еротиката како книжевен жанр, во периодот од ланскиот до крајот на овој јуни заработила 95 милиони американски долари (75 милиони евра) според рангирањето на магазинот Forbes, кој претходно ја стави и на првото место на својата годинешна листа за најплатени светски книжевници.

Така, се остварија прогнозите на Forbes од минатата година кој при составувањето на минатогодишната листа нагласи дека очекува идната (2013) година на листата да се најдат поголем број жени, а предвидуваше и дека високо ќе котира и авторката на најпродаваниот британски роман на денешницата „Педесетте нијанси на сивата“ Е.Л.Џејмс.

На местото најплатени книжевници во светот, Џејмс по три години со ред го замени американскиот писател на крими романи Џејмс Патерсон кој се најде на високото второ место со заработка од 91 милион долари. На третото место е авторката на „Игри на гладта“, Сузан Колинс со 55 милиони долари заработка, која лани беше на деветтото место со околу 20 милиони долари заработка.

Првенецот на Џејмс „Педесетте нијанси на сивата“, роман за еротскиот набиениот однос на 27-годишен милионер Кристијан Греј и студентката Анастазија Стил, е продаден во повеќе од 70 милиони примероци во светот, а издавачките права се откупени во 37 држави. На самиот врв од популарноста, три книги од овој серијал седмично заработувале повеќе од милион долари.

Дополнителни околу пет милиони долари 50-годишната Џејмс заработила минатата година и од продажба на филмските права. Филмската адаптација на нејзиниот роман според најавите треба да се случи на 1-ви август 2014 година./крај/мф/сн

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија6 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија10 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија12 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија13 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија14 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија14 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија14 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија15 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија16 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет17 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет19 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа19 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија19 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија20 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ1 ден

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ1 ден

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...