Македонија
Протест на ОМ в недела
Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија (ОМ) за во недела попладне повика на протест пред Министерството за правда, поради незадоволството, од како што велат, бруталноста на власта, монтираните политички процеси и загрозувањето на основните човекови права.
Партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија (ОМ) за во недела попладне повика на протест пред Министерството за правда, поради незадоволството, од како што велат, бруталноста на власта, монтираните политички процеси и загрозувањето на основните човекови права. Остануваат на ставот дека притворањето на Бошкоски е политички монтиран процес чија главна цел била негово замолчување.„Жалбата која ја поднесе адвокатот на нашиот лидер, тој да биде пуштен од притвор е неосновано одбиена, бидејќи судските органи сметаат дека постои можност нашиот претседател да побегнел од државата и да го повторел делото“, изјави Наталија Ивчева, член на претседателството на партијата. Според нивните информации припадниците на полицијата што го реализирале апсењето биле експресно наградени.„Ја прашуваме Гордана Јанкуловска дали поголем приоритет и беше да ги награди своите партиски послушници, отколку да го изведе пред истражен судија полицаецот убиец на 22-годишното момче на денот на изборите. Воедно ја прашуваме дали го искористи Љубе Бошкоски за да го затскрие грозоморното убиство од страна на нејзин припадник“, рече Ивчева. Од Партијата информираат и дека не се во можност да го поднесат финансискиот извештај за учеството на партијата на парламентарните избори, поради тоа што единствениот потписник Бошкоски е во притвор, тие порачаа дека доколку надлежните можат да дојдат до него, потписот без проблем ќе биде обезбеден. крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

