Македонија
Имплементацијата на ДСГ најдобра реформа во здравството
На Форумот на здравствените фондови од регионот, што се одржува во Охрид, денеска се одржа сесија посветена на ДСГ (дијагностичко сродни групи) имплементацијата и подобрувањата во болничкиот ДСГ систем.
На Форумот на здравствените фондови од регионот, што се одржува во Охрид, денеска се одржа сесија посветена на ДСГ (дијагностичко сродни групи) имплементацијата и подобрувањата во болничкиот ДСГ систем.
На оваа сесија говореа директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева-Змејкова и директорот на словенечкиот фонд Само Факин, како и директорот на хрватскиот фонд, Тихомир Стризреп.
Тројцата директори имаа посебни презентации за искуствата, реформите и развојот на ДСГ системот, кој што веќе нормално функционира во овие држави. Притоа од изнесените податоци може да се направи споредба помеѓу имплементацијата на ДСГ во Македонија, Словенија и Хрватска, соопштуваат од ФЗОМ.
Во Словенија веќе 100 отсто од финансиските средства за болнички третираните пациенти се исплаќаат по овој систем (после 5 години имплементација), а кон ова целосно имплементирање на исплаќање по ДСГ се тежнее постепено да се воведе и во Хрватска и во Македонија.
Заедничкиот заклучок од сите три држави е дека споредено со претходниот систем каде што било 100 проценти плаќање по буџети на ЈЗУ, со воведувањето на плаќањето по ДСГ, здравствените услуги и здравствената заштита на пациентите се неколкукратно подобрени.
Просечниот болнички престој во сите држави е намален, велат од ФЗОМ, листите на чекање за некои специфични интервенции се исто така намалени, бидејќи со ДСГ системот јавните здравствени установи се плаќаат по дијагноза, а не по денови во кои што пациентот е болнички третиран.
Во моментов во Македонија просечниот болнички просек изнесува 6,25 денови, во Хрватска околу 7,5 денови а во Словенија 4,5 денови, додека во минатото просекот бил над 8 денови по пациент.
На крајот на денешната сесија беше заклучено дека ДСГ системот е една од најдобрите реформи спроведени во здравството во овие три држави, за што сведочат и другите развиени земји кои што работат по овој систем, а и другите држави од Балканот и регионот кои што се подготвуваат за воведување на ДСГ (Турција, Србија, Црна Гора), а исто така и некои земји од ЕУ (Литванија планира да го воведе во 2012).
Македонија се покажа како исклучително успешна при спроведувањето на ДСГ проектот, бидејќи иако последни го започнавме од оваа тројка на држави, денес рамо до рамо го спроведуваме во практиката, и веќе имаме мерливи параметри кои што не отстапуваат од параметрите на Словенија и Хрватска./крај/со/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

