Свет
Партијата на Сунитите во Ирак ќе ги бојкотира изборите
Најголемата сунитска партија во Ирак, нема да учествува на парламентарните избори на седми март.
Најголемата сунитска партија во Ирак, нема да учествува на парламентарните избори на седми март.
Лидерот на Фронтот за национален дијалог, Салех ал Мутлах, ги повика гласачите да не излегуваат на избори.
Според него, партијата нема да учествува во политичкиот живот на земјата, во услови на странска интервенција во Ирак.
Изјавата доаѓа по забраната за учество на изборите на политичари, кои се осомничени за поврзаност со забранетата партија Баас, чии лидер беше Садам Хусеин. /крај/х/см/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 270.000 Германци потпишаа петиција за забрана на пиротехнички средства
Повеќе од 270.000 Германци потпишаа онлајн-петиција со која се повикува на национална забрана за приватно користење пиротехника по уште една новогодишна ноќ обележана со смртни случаи и повредени. Повеќе од четвртина милион луѓе ја потпишаа петицијата од попладнево.
„До 30 декември имавме речиси 90.000 потписи“, рече портпаролот на полицискиот синдикат додавајќи дека бројката рапидно пораснала со доаѓањето на новата година. Најмалку пет лица загинаа, а неколку десетици се повредени за време на новогодишните прослави во Германија, каде што за разлика од другите земји во деновите до крајот на годината може да се купат огномети за приватни цели, јавува агенцијата ДПА.
„Веќе нема алтернатива на државната забрана за петарди“, објави БДП.
„Она што го доживеавме оваа година е надвор од границите на прифатливото“, додаваат од синдикатот.
„Повикуваме на сеопфатна забрана за петарди за приватна употреба, како што е случај во многу земји. Ова вклучува и соодветна забрана за продажба на сите оние што не се професионалци во оваа област“, заклучуваат тие.
Свет
Заложничка криза во Франција: осуденик го држи затворскиот персонал во заробеништво
Во моментот во тек е заложничка криза кога затвореник, кој издржува затворска казна во францускиот град Арл, е заробен и држи неколку вработени во затворот како заложници.
Осуденик, кој издржува казна во затвор во Арл, фатил неколку медицински работници и чувари, јавуваат француските медиуми наведувајќи дека единиците за интервенција на полицијата се подготвени да интервенираат, пренесува „Телеграф“.
Затвореникот поседува ладно оружје и држи во заложништво неколку членови на затворскиот персонал, најмалку четворица медицински работници и еден чувар, пренесува порталот BFMTV.
Локалната полиција е распоредена на местото на настанот, а регионалните екипи за одговор се на пат.
Според дневниот весник La Provence, затвореникот се заканува со рачно изработено сечило.
Според францускиот портал, властите распоредиле и членови на специјален тактички полициски тим за вонредни ситуации.
„Ги мобилизиравме сите ресурси за да се справиме со тоа. Го следам развојот на ситуацијата во реално време“, уверува Џералд Дарманин, министер за правда, на социјалната мрежа „Икс“, поранешен „Твитер“.
Свет
Италијанската премиерка за Маск: Тој е брилијантен човек, имаме многу добри односи
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го бранеше американскиот милијардер Илон Маск од критиките од другите европски метрополи опишувајќи го како брилијантен човек во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објавено денеска.
„Тој е голема фигура на нашето време, извонреден иноватор, кој секогаш ја има на ум иднината“, рече таа.
Лидерката на екстремно десничарската партија Браќата на Италија проговори и за својот личен однос со основачот на „Тесла“ велејќи дека тие имаат многу добри односи.
„Ние двајца, дефинитивно, имаме многу добри односи. Тој е брилијантен човек и секогаш е многу интересно да се работи со него“, рече таа.
Од победата на Трамп на претседателските избори во САД, Маск сѐ повеќе се обидува да влијае на политиката во Европа преку изјави на разни канали. Меѓу другите коментари, тој го нарече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер тиранин, а канцеларот Олаф Шолц – будала.
Сега има повици од разни страни да се ограничи неговото влијание.