Свет
Пронајдено телото на Качински и двете „црни кутии“
Телото на загинатиот послки претседател Лех Качински е пронајдено на местот на несреќата како и двете „црни кутии“ останати во урнатините на авионот кој утрово се урна крај Смоленск, пренесе РИА Новости
За агенцијата оваа информација ја потврдил висок државен службеник, Другите поединости не се објавуваат , освен дек ан алице место биле иднетификувани уште неколку тела. Пронаоѓањето на двете „црни кутии“, на претседателскиот авион „Тупољев 154“ го соопшти рускиот министер за вонредни состојби Сергеј Шојгу, додавајќи дека веќе почнало нивното преслушување и експертиза.Портпаролот на партијата Право и праведност (PiS) во меѓувреме изјави дека братот близнак на претседателот и поранешен премиер на Полска, Јарослав Качински, исто така отпатувал за Смоленск.„Скршен е од трагедијата, но храбар“, изјавил портпаролот Мариуш Блашчак.Неговата состојба е потешка затоа што нивната 84-годишна мајка повеќе од цел месец е во болница во тешка сосотјба, што биал и причината Јарослав да остане дома. Според последните официјални информации на руското министерство за вонредни сосотјби дека во авионот се наоѓале 96 лица, од кои 88 членови на државната делегација кои патувала на 70-годишнината на масакрот во Катинската шума од 1940 г., која е 20 километри од Смоленск. Приближувајќи се кон воениот аеродром во Смоленск, авионот се урнал на два километра пред пистата. Според руските медиуми пилотот уште од белоруската контрола на летањето бил предупредуван да се спушти во Минск, бидејќи над Смоленск видливоста била многу мала, а авионот закачил во блиските дрвја откако по четврти пат се обидел да се приземји. Како што јавуват руските агенции со истрагата од местото на несреќата ќе ракјоводи лично рускиот премиер Владимир Путин, а ќе присуствува и неговиот полски колега Доналд Туск.Рсуката истрага разгелдува ти можни причини за несреќата: лошите временски услови, човечка грешка или техничка грешка. Полска ќе спроведе своја независна истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels

