Контакт

Свет

Востоличен коптскиот патријарх во Каиро

Објавено пред

Новиот патријарх на египетските православни Копти Теодориус (Тавадрос) Втори, најголемата христијанска заедница на Блискиот исток, во неделата е востоличен во соборниот храм Свети Марко во египетската престолнина Каиро.

dobivaj vesti na viber

Шеесетгодишниот Теодориус Втори беше прогласен за патријарх на Александрија и патријарх на цела Африка, на церемонијата на која присуствуваше и премирот на Египет, Хишам Кандил, откако во претходно во петокот исламистичкиот претседател Мухамед Мурси поради спреченост потврди дека на свеченоста ќе испрати свој претставник.

Церемонијата на востоличувањето е официјалниот влез во највисокиот црковен чин на 118-от коптски патријарх. Свеченоста се совпадна со денот на жалост во земјата за децата кои загинаа во страшната железничка несреќа, што се случи во саботата во провинцијата Асуит. Во саботата, околу 300 километри јужно од Каиро, на железнички премин во близина на градот Манафалут, автобус, во кој имало повеќе од 60 ученици се судри со воз. Како резултат на несреќата загинаа 50 луѓе, од кои повеќето деца на возраст од шест до десет години, а околу 20 други беа сериозно повредени.

„Ние не можеме да славиме кога целата земја ги оплакува жртвите на катастрофата со невините деца, египетската црква не може да се радува кога се тажни сите во Египет. Но, ние не можевме да ја откажеме церемонијата, бидејќи премногу гости специјално пристигнаа во Каиро за востоличувањето на Теодориус Втори“, објасни отецот Павле.

Новиот патријарх Теодориус Втори, со световно име Вагих Субхи Баки Сулејман, во неделата наполни точно 60 години, роден е на 4-ти ноември 1952 година во египетскиот град Ал Мансур. Во 1975 година дипломирал на Факултетот за фармација на Александрискиот Универзитет. Работел неколку години во структурата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во Велика Британија, а потоа бил директор на фабрика за производство на лекови при министерството за здравство на Египет во градот Даманхур. Како неженет се замонашил во јули 1988 година, во манастирот на свети Бишо. Ракоположен е за свештеник во јули 1998 година. Автор е на 12 теолошки книги. Покрај арапскиот, течно го зборува и англискиот јазик. До неговото прогласување за поглавар на Коптската православна црква, тој беше епископ на египетската провинција Ал-Бухејра.

Теодориус Втори уште од првиот ден на стапнување на чело на патријаршијата ќе се ангажира на решавање на многу сложени прашања со кои се соочуваат христијаните во Египет денес. Главното меѓу нив, како што сметаат во патријаршијата, е „надградбата внатре во самата коптската црква“, во врска со значителното зголемување на младите меѓу египетските христијани, како и ангажирање во „конструктивен однос со новата влада“ на земјата, на чиешто чело летово дојдоа поддржувачите на исламистичкото движење Муслиманско братство.

Коптската православна црква е една од најстарите христијански цркви во светот. Според преданието, таа е основана од страна на Апостол Марко кој се смета за нејзиниот прв патријарх. Во моментов, коптите се најбројната христијанска конфесија на Блискиот исток, а огромното мнозинство на коптите живеат во Египет. Во моментов, според официјалните податоци, бројот на коптите во Египет изнесува околу 10 милиони. Коптите, пак, тврдат дека во земјата има речиси 17 милиони христијани, или околу 20 отсто од вкупно 85 милионското население Египет./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања

Објавено пред

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.

dobivaj vesti na viber

Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.

Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.

Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.

Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран

Објавено пред

Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.

Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.

Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.

Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.

Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија2 часа

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет3 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет3 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет3 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија4 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет12 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа12 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија15 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа16 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет16 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет16 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија17 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија18 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија20 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија21 час

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија21 час

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија21 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија22 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...