Европа
ВИДЕО: Камерон пред вклучени микрофони рече дека ги очекува челниците на најкорумпираните земји

Британскиот премиер Дејвид Камерон во вторникот пред вклучените микрофони на британската кралица ѝ рече дека на Самитот за борбата против корупцијата кој во четвртокот започнува во Лондон доаѓаат челниците на некои „неверојатно корумпирани земји“, меѓу кои на Нигерија и Авганистан, на што Елизабета Втора не реагираше.
Во четврток британскиот премиер Дејвид Камерон ќе биде домаќин на меѓународниот самит за борба против корупцијата чија цел е да се преземе глобална акција по ова прашање во сите аспекти од животот. На видео снимката којашто ја објави ITN, се гледа како Камерон разговара со кралицата Елизабета Втора за самитот.
„Утрово имавме многу успешен состанок на кабинетот на кој разговаравме за самитот за борбата против корупцијата“, вели Камерон на снимката додека кралицата му се приближува, „Ќе дојдат и Нигеријците.., всушност во Британија ќе дојдат челниците на некои неверојатно корумпирани земји. Нигерија и Авганистан, двете веројатно најкорумпирани земји на светот“, вели британскиот премиер.
Кралицата не одговара на коментарот на Камерон, но надбискупот од Кантербери на тоа вели „Но тој претседател всушност не е корумпиран“. Останува тајна на кого мислел надбискупот.
Нигерискиот претседател Муахмаду Бухари и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кои ќе учествуваат во работата на лондонскиот самит, изјавија претходно дека се свесни за степенот на корупцијата во нивните земји и ветија дека ќе настојуваат да ја искоренат
Според последните податоци за корупцијата коишто ги собира групата Transparency International, Авганистан е на 166-то место, односно претпоследното место на годишната листа на најкорумпираните земји во светот. Само Северна Кореја и Сомалија, кои го делат 167-то место, се покорумпирани. Нигерија на споменатата листа го зазема 136-то место
Засега не е познато дали Камерон бил свесен за фактот дека неговата комуникација со кралицата се снима додека присуствуваше на настан по друг повод во Бакингемската палата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин