Контакт

Спорт

Липи: Бразил е најголемиот фаворит

Објавено пред

Селекторот на актуелниот фудбалски светски првак Италија, Марчело Липи, смета дека „кариоките“ се најголемите фаворите за претстојниот мундијал во Јужноафриканската Република

dobivaj vesti na viber

Иако повеќето светски фудбалски стручњаци, но и во медиумите и кај обложувалниците во прв план се Шпанија и Англија, Марчело Липи смета дека најмногу шанси за освојување на титулата светски првак има бразилската репрезентација или попозната како „Селекао“.„Бразил има врвна екипа, но и голем мотив бидејќи пред четири години на Светското првенство во Германија испаднаа уште во четвртфиналето“, обајсни италијанскиот селектор.Липи ги коментирал и шансите на италијанската репрезентација велејќи дека ќе се обидат да ја одбранат титулатаа.„Нема да нбидел лесно, но имаме доволно квалитети“, изјавил Липи отфрлајќи ги критиките на италијанските медиуми дека направил престара селекција за достигнување врвни резултати додавајќи дека неговиот тим е спој на искуство и младост.Тој е на мета на италијанските спортски новинари бидејќи упорно одбива да ги повика во репрезентацијата напаѓачот на Сампдорија, Антонио Касано и на Интер, Марио Балотели. „Формата на Касано е далеку од репрезентативна, додека Балотели се’ уште не доволно зрел за натпреварувања како што е Светското првенство“, одговара Липи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Турција во дербито на првата фаза ја победи Србија

Објавено пред

Српската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во групната фаза на Евробаскетот, Турција беше подобра и славеше со 95:90, со што го освои првото место во Групата А.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот беше вистинско уживање за љубителите на кошарката, со спектакуларен дуел помеѓу Никола Јокиќ и Алперен Шенгун кој практично го диктираше темпото на двата тима.

Од првите минути, средбата беше неизвесна. Селекторите Ергин Атаман и Светислав Пешиќ не калкулираа, а нивните тимови постојано се менуваа во водство.

Србија започна добро, но Турција набрзо го презеде водствотт. Во текот на сите 40 минути резултатот беше речиси изедначен, а решавачкиот момент се случи на крајот кога Никола Јовиќ промаши зицерот за +6, а Марко Гудуриќ ја загуби топката во критична ситуација.

Проблем за Србија е повредата на Алекса Аврамовиќ, кој го напупти теренот во финишот на првото полувреме и не се врати на теренот. Турција ја топрпедира Србија со 18 тројки од 31 шут.

Никола Јокиќ беше најефикасниот играч во Србија со 22 поени, девет скока и четири асистенции. Марко Гудуриќ додаде 12 поени, додека Филип Петрушев постигна 11 поени.

Алперен Шенгун го предводеше турскиот тим со 28 поени, 13 скока и осум асистенции, додека Шејн Ларкин постигна 23 поени и девет асистенции, а Чеди Осман уфрли 16 поени.

Во осминафиналето Турска ќе игра против Шведска, а Србија против Финска.

foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Хосни му го донесе Суперкупот на Пелистер

Објавено пред

Ракометарите на пелистер го освоија Суперкупот, со што официјално започна сезоната на домашните терени. Пелистер во Кавадарци го победи Вардар со 27:26. Мечот го реши Хосни со гол на седум секунди до крајот.

dobivaj vesti na viber

Првата половина од првиот дел им припадна на пелистерци, создадоа два гола предност, но Вардар бргу одговори, ја презеде контролата, изедначи, а во 26.минута црвено-црните ја достигнаа највисоката разлика (9:13).

Тука Вардар застана, во наредните четири минути му дозволи на Пелистер да постигне три гола (12:13).

Добрата игра од финишот на првиот дел Пелистер ја пренесе и во втрото полувреме, кога си ја врати предноста од два гола.

Актуелните шампиони имаа во 53. минута 26:22, но не знаеја да го затворат натпреварот. Вардар се врати со серија од четири гола. На седум секунди до крајот Хосни го постигна голот за победа.

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Црна Гора испадна од ЕП, Вучевиќ во солзи се збогува со репрезентацијата

Објавено пред

Кошаркарската репрезентација на Црна Гора доеживеа елиминација од Евробаскетот. Во последниот натпревар во Б групата, Црна Гора загуби од Велика Британија 89:83. Пред дуелот меѓу Шведска и Литванија, три селекции имаат по една победа, во тој круг најдобра е Шведска која од четвртото место ќе оди во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Тампере беше последен во дресот на националниот тим за Никола Вучевиќ. Центарот на Чикаго Булс единствен беше на потребното ниво против Велика Британија со 31 поени, 11 скока и седум асистенции.

Солзите на Никола Вучевиќ во микс зоната на „Нокиа Арена“ во Тампере ќе останат единствената слика што ќе се памети од петтиот настап на Црна Гора на Евробаскетот.

„Имаше некои ситуации, но не е вина на судиите, туку наша вина. Многу грешки за натпревар од вакво ниво. Им дозволивме повеќе отколку што тие самите можеа. Немавме фокус, енергија и желба за игра… Не знам… Едноставно не игравме на нивото, не ја оправдавме улогата на фаворити, не бевме на потребното ниво. Наша вина е“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ потврди дека денешниот дуел беше негово збогување со репрезентацијата.

„Имаше добри и лоши моменти, што е дел од кариерата. Би сакал да им се заблагодарам на сите, почнав како кадет, би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи со кои поминав низ многу работи и ќе ги паметам тоа – тие пријателства. Што се однесува до самата кошарка, тоа Светско првенство останува како добар спомен, денес жалам што не успеавме, ова ќе беше голем успех. Благодарност до навивачите кои секогаш нè следеа“.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет8 часа

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија9 часа

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ9 часа

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија11 часа

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет12 часа

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија12 часа

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија12 часа

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...

Македонија14 часа

Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор,...

Македонија15 часа

Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да...

Топ16 часа

Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот...

Македонија16 часа

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија16 часа

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет18 часа

Трамп му пиша на Шји: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, каде што Кина презентира ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа18 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет18 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Шји порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа18 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа18 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија1 ден

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија1 ден

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...