Свет
Протести против НАТО за убиство на авганистански цивили
Стотици селани извикувајќи антиамерикански слогани протестираа во источниот дел од Авганистан поради убиството на тројца нивни соселани
Мештаните велат дека американските сили застрелале невини цивили, додека НАТО инсистира дека станува збор за осомничени бунтовници кои војнците ги убиле во самоодбрана.Рано изутрина во петок, селаните почнаа да се собираат во главниот пазар во местото Сајед Aбад на протести против наводното убиство на невините цивили, јавува агенцијата Синхуа. Мажите го блокирале и лавниот автопат кој инува низ областа и запалиле де товари возила кои припаѓале на авганистанска компанија за приватно обезбедување. „Убиени се маченици, три студента и приведени се пет други лица. Сите тие се цивили. Локалното население е ужаснато од овој инциднт.Сите велат дека не ги сакаат Американците во Авганистан“, рекол еден од демонстрантите. Инцидентот се случил во четвртокот во обалста Сајед Абад во провинцијата Вардак, уште една авганистанска покраина во која засолништа имаат талибаните а авганистанската полиција презема само засилени патроли. Сведоци изјавиле дека американските војници упаднале во куќата на едно семејство и застрелале три браќа на малди години, пред да биде приведен нивниот татко. Командата на НАТО во Авганистан тврди дека убиените мажи биле „осомничени бунтовници“ а порптаролот на меѓуанродните сили во покраината рекол дека убиените имале оружје кое било вперено во војниците. Авганистанската полиција соопшти дека повела истрага за инцидентот, но дека се уште не можела да с оопшти детали. Според извештајот на Обедиентите нации во првите шест месеци од годинава во Авганстан од стран на силите на НАТО и од авганистанските безбедносни сили се убиени 386 цивили. Извештајот на ОН, покрај тоа наведува дека талибаните се одговорни за 76 отсто од цивилните авганистански жртви во 2010 г. Во првите шест месеци од годинава се убиени повеќе од 1.200 цивили, што е 25 отсто повеќе во однос на истиот период во 2009 г. Од оваа бројка три четвртини се жртви на талибаните, а 12 отсто се „колатерална штета“ во акции на сојузничките или авганистанските безбедносни сили. Талибаните издадоа соопштение во кое жестоко го оспоруваат спменатиот зивештај на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник
Украински суд денес осуди руски војник на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник, прв таков случај од почетокот на руската инвазија на Украина.
Суд во југоисточниот град Запорожје го прогласи Дмитриј Курашов (27) за виновен за убиството на Виталиј Ходниук, украински војник кој се предаде на руските сили во јануари 2024 година.
Курашов, кој беше заробен од украинските сили заедно со други руски војници кратко по инцидентот, се изјасни за виновен на суд, иако подоцна им рече на новинарите дека е невин и сака да биде вклучен во размена на заробеници.
Неговата казна има симболично значење за Украина, која вели дека руските сили егзекутирале голем број украински воени заробеници, но осомничените обично се надвор од дофатот на украинската правда. Русија негира дека нејзините војници вршат воени злосторства.
Нападот во кој е убиен Ходниук се случил на 6 јануари 2024 година. Според обвинителите и сведоците, Ходниук се предал невооружен, клекнал, а Курашов го застрелал со митралез. Курашов тврди дека истрелите биле испукани од воен лекар по име „Седој“, кој подоцна починал. Рускиот напад бил краток.
фото: принтскрин
Свет
Ненси Пелоси објави дека ќе се пензионира
Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира на изборите во 2026 година, што го сигнализира крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата.
„Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна година од службата“, рече Пелоси во видео порака објавена на X.
Претседателката на Претставничкиот дом Пелоси отслужи два мандата, од 2007 до 2011 година и од 2019 до 2023 година.
85-годишната Пелоси, која првпат беше избрана во Конгресот во 1987 година, во интервју за Ројтерс во 2022 година изјави дека жали што не победила на повеќе избори во својата долга кариера за да им ја одземе моќта на републиканците и да се осигура дека „суштество како Доналд Трамп никогаш нема да стане претседател на Соединетите Американски Држави“.
Свет
Папата: Потребно е итно да се достави хуманитарна помош во Газа
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош.
Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави.
Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, двете страни ја нагласија итноста од обезбедување хуманитарна помош за цивилното население во Газа и ја нагласија важноста од прекин на конфликтот преку решение за две држави“.
Средбата се одржа по повод десетгодишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата столица и Државата Палестина.
Денешниот разговор беше првата средба меѓу двајцата, бидејќи претходно комуницираа по телефон.
Еден ден пред средбата со папата Лав Четиринаесетти, Абас ја посети базиликата Света Марија Маџоре за да му оддаде почит на гробот на папата Францискo.
Посетата беше неговиот прв чин по пристигнувањето во Рим во средаta попладне.
„Дојдов да го видам гробот на папата Францискo, бидејќи не можам да заборавам што направи за Палестина и за палестинскиот народ. Не можам да заборавам дека ја призна Палестина, без никој да го замоли да го стори тоа“, рече Абас.
Фото: принтскрин

