Свет
ЕУ е разочарана од случувањата во првиот изборен круг
Специјалниот претставник на Европската унија во Македонија, Михаил Салин, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Унијата е изненадена и разочарана од случувањата во првиот круг на локалните избори.
Специјалниот европретставник во Македонија за Радио Слободна Европа
Салин:
Специјалниот претставник на Европската унија во Македонија, Михаил Салин, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека Унијата е изненадена и разочарана од случувањата во првиот круг на локалните избори. Тој оценува дека генерално, во повеќето општини, изборите биле в ред, но дека во некои имало многу неправилности и дека во нив изборите биле полоши споредено со минатите избори.
По сето она што се случуваше во првиот изборен круг, се стекнува впечаток дека е поважно кој ќе ја добие битката во Шуто Оризари, отколку да се добие битката за Европааи, вели Салин. Тој истакнува дека луѓето во Липково или во Шуто Оризари сў уште не разбрале дека правилата мора да се почитуваат и дека сў уште немаат стекнато политичка култура и свест. Салин изразува уверување дека во вториот изборен круг, иако, како што вели, вообичаено тогаш се бележат повеќе неправилности, работите ќе се поправат, бидејќи во спротивно, според него, тоа ќе биде лошо за Македонија.
Во врска со поведеното обвинение во Хаг против Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски, Салин истакнува дека треба да му се верува на Судот и на обвинителката Карла дел Понте, кога велат дека тие веројатно извршиле воено злосторство, бидејќи нив не ги интересира од која националност е извршителот, туку само случајот. †Знам дека луѓето се прашуваат ‘Зошто само нассс’, но можам да кажам дека процесот продолжува и можеби ќе има и други случаи. Сепак, оваа состојба македонската Влада треба да ја прифатиии, вели високиот претставник на ЕУ во Македонија, Михаил Салин, во интервјуто за Слободна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Канада ја избра Кина пред „Златната купола“
Доналд Трамп напиша на Truth Social дека Канада е против изградба на „Златна купола“ над Гренланд, иако куполата би ја заштитила самата Канада.

„Канада е против изградба на Златна купола над Гренланд, иако Златната купола би ја заштитила Канада. Наместо тоа, тие избраа да соработуваат со Кина, која ќе ги „изеде“ во првата година“, напиша тој на социјалната мрежа.
Европа
Данската премиерка од Гренланд: Се наоѓаме во сериозна ситуација
Данската премиерка Мете Фредериксен го посети Нук, главниот град на Гренланд, на разговори со лидерот на територијата, Јенс-Фредерик Нилсен. Посетата доаѓа по напната недела во која американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од заканите за преземање на арктичкиот остров и се согласи на разговори.
Тензиите се смирија откако Трамп во средата ја отфрли можноста за воена акција и објави на социјалните мрежи дека е постигната „рамка за иден договор за Гренланд“ по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Давос, јавува Би-би-си.
Знак на поддршка и дипломатски пат
Деталите од договорот сè уште не се познати. Премиерката Фредериксен долета директно од Брисел, каде што се сретна со Руте во петокот наутро. Според неговата најава, тие се согласиле да „го зајакнат одвраќањето и одбраната на Арктикот“.
По пристигнувањето во Нук, Фредериксен беше пречекана од Нилсен. „Пред се, денес сум во Гренланд за да ја покажам нашата силна данска поддршка за народот на Гренланд“, изјави таа за новинарите. „Ова е многу тешко време, секој може да го види тоа“.
„Се наоѓаме во сериозна ситуација. Тоа го гледаат сите. Сега постои дипломатски, политички пат што ќе го следиме“, додаде таа, објаснувајќи дека нејзината посета е „работна“ за да се подготват „следните чекори“.
Трамп во четвртокот за „Фокс њуз“ изјави дека САД „добиваат сè што сакаат без никакви трошоци“ и дека „дел“ од неговиот планиран систем за ракетна одбрана „Златна купола“ ќе биде поставен на Гренланд. На прашањето дали станува збор за „преземање“, тој рече: „Тоа е целосен пристап. Нема крај, нема временско ограничување“.
Европа
(Видео) Шведски ловци пресретнаа руски борбени авиони над Балтикот, Русија објави снимка од летот
Борбени авиони на шведските воздухопловни сили вчера, 22 јануари, пресретнаа руски бомбардер Ту-22М придружуван од два ловци Су-35С над Балтичкото Море.
Средбата се случила во меѓународен воздушен простор во близина на воздушниот простор на НАТО, што ја истакнува фреквенцијата на руските воздушни мисии кои рутински предизвикуваат реакции од воздушната полиција на Алијансата, објави „Army Recognition“.
Under gårdagen identifierade den svenska incidentberedskapen två ryska stridsflyg av typen Su-35S och ett ryskt bombflyg av typen Tu-22M över Östersjön. Svenskt stridsflyg markerade närvaro och säkerställde att flygrörelser i vårt närområde inte går förbi obemärkt. #NATO #svfm pic.twitter.com/7LCvOjfVEf
— Försvarsmakten (@Forsvarsmakten) January 23, 2026
Шведските авиони за брза реакција (QRA) беа активирани откако мрежите за надзор открија руска формација над Балтикот, област со густ воен сообраќај каде што летовите често се одвиваат без транспондерски сигнали или најавени планови за лет.
Во согласност со стандардната практика на воздушно полициско работење на НАТО, шведските ловци визуелно ги идентификуваа авионите, ги следеа на безбедно растојание и потврдија дека нивната траекторија остана надвор од воздушниот простор на Алијансата.
Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се прикажани два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 во, како што наведува, „планиран лет“ над неутралните води на Балтичкото Море. Москва соопшти дека летот бил извршен во целосна согласност со меѓународното право, пренесува „Еуроњуз“.
Bombowce dalekiego zasięgu Tu-22M3 wykonały lot nad Morzem Bałtyckim w eskorcie myśliwców Su-35S i Su-30SM…
Na niektórych odcinkach trasy, rosyjskie samoloty były śledzone przez myśliwce innych państw… pic.twitter.com/66ANltPOuV
— Tomek Niewęgłowski (@tomek525) January 23, 2026
Министерството во соопштението наведува дека бомбардерите биле придружувани од борбени авиони Су-35 и Су-30 и дека летот траел околу пет часа.
„Придружбата ја обезбедиле екипажите на борбените авиони Су-35 и Су-30 на Воздухопловните сили. Времетраењето на летот било околу пет часа. Во одредени фази од рутата, бомбардерите биле придружувани од борбени авиони на странски земји“, се вели во соопштението.
Москва нагласи дека сите летови на руските воздухопловни сили се извршуваат во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и редовно се одвиваат над неутралните води на Арктикот, Северноатлантскиот, Тихиот Океан, Балтичкото и Црното Море.

