Свет
Парите за патишта одат за плати на бирократите
Граѓаните во минатата година, при регистрација на своите возила, платија 14 милиони евра за одржување на патиштата во земјава, а Фондот за регионални и магистрални патишта парите ги потроши и за плати на своите вработени, за отплата на странски кредити и за други потреби.
како се трошат 14 МИЛИОНИ ЕВРА во ФОНДОТ ЗА ПАТИШТА
Граѓаните во минатата година, при регистрација на своите возила, платија 14 милиони евра за одржување на патиштата во земјава, а Фондот за регионални и магистрални патишта парите ги потроши и за плати на своите вработени, за отплата на странски кредити и за други потреби. Во Фондот не сметаат дека се одговорни зошто парите ги трошат ненаменски и објаснуваат дека тие се слеваат на иста сметка како и другите приходи.
– Парите се трошат за изградба, реконструкција, одржување и заштита на патиштата, за плати, тековни потреби на Фондот, отплата на странски кредити и други обврски. Само парите од странските кредити мора да се трошат строго наменски. Во годишната програма за работа се планира како ќе се трошат другите приходи – велат од Фондот за патишта.
Во Законот за патишта прецизно пишува дека парите што граѓаните ги уплаќаат при регистрација на возилата треба да се трошат наменски за одржување, изградба и за реконструкција на локални и магистрални патишта, за отплата на странски кредити и на студии и проектирања.
Во Фондот се правдаат дека само мал дел од овие приходи го трошат за плати на вработените бидејќи во оваа институција работат само 25 лица. Раководството на Фондот тврди дека малку пари одат и за тековни трошоци, а најголемиот дел бил наменет за одржување и изградба на патишта.
Граѓаните се револтирани од овој однос на Фондот кон обврските што ги има и укажуваат дека состојбата на патиштата во земјава е катастрофална и дека од дупките по улиците ги искршиле возилата.
– Државата воопшто не води грижа за патиштата, ниту за животите на граѓаните, кои секој ден се во кола. Плаќаме превисоки суми при регистрацијата на возилата за одржување на патиштата, но никој нас не ни плаќа оти си ги искршивме возилата. Се одржуваат само главните улици низ градов, а за другите никој не води грижа. Не ми е јасно кој и што прави со тие пари – вели Зоран К. од Скопје.
Во минатата година вкупниот приход на Фондот за патишта бил 72 милиони евра. Од патарини се собрани 12 милиони евра, околу 23 милиони евра биле префрлени од државната каса од акцизите за нафтените деривати, над 19 милиони евра се од странски кредити, а 1,6 милиони евра биле собрани од такси од странски возила и од останати приливи. Граѓаните во минатата година регистрирале вкупно 290.000 возила и инкасирале 14 милиони евра во буџетот на Фондот. Надоместокот што го плаќаат при регистрацијата на возилата, во зависност од кубикажата на автомобилот, се движи од 1.000 до 4.000 денари. Товарните возила плаќаат од 1.300 до 17.000 денари во зависност од категоријата лесни или тешки.
Од вкупните приходи на Фондот лани за одржување на регионални и магистрални патишта биле потрошени само 17,7 милиони евра, а 10 милиони биле префрлени на општините за одржување на локалните патишта. Околу 13 милиони евра се издвоени за отплата на странските кредити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

