Спорт
Изгубивме од најдобриот тим на сите времиња
Изгубивме од најдобрата екипа против која сум играл воопшто, изјави поп поразот во саботата навечер од Барселона во финалето од Лигата на шампионите, менаџерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон
„Изгубивме од страшна екипа против која не можевме ама баш ништи да направиме на средината од теренот. Барселона има блескави играчи и брилијантниот Меси, а нас не’ уништија со пас играта за којашто немавме одговор“, изјави по средбата сер Алекс Фергусон, кој посебно го фалеше аргентинскиот репрезентативец во дресот на каталонците, Лионел Меси.„Не можевме да го контролираме, а не сум ни првиот ни последниот тренер што го вели ова. Се обидувавме да ги поставиме играчите сосема близу Меси, но тоа не успеа, делумно и поради фактот што тој едноставно е брилијантен, а поради неможност ана моите играчи да играме таква одбран над еден човек. Тие вечерва заслужено славеа.“, изјави Фергусон кој во финалето на Лигата од шампионите од Барселона беше поразен и во 2009 година.Фергусон го предводеше Манчестер јунајтед последните четири години во три финалиња од Лигата на шампионите, а по синоќешниот меч на лондонски „Вембли“ призна дека Барселона во ваков состав долго ќе биде непобедлива.„Барселона сигурно е најдобрата екипа на светот и тоа е непобитен факт. Ние мораме да бидеме посилни, овој пораз мора да не направи уште подобри бидејќи постои предизвикот за идната сезона. Не заборавајте дека во 1994 година на ’Ноу Камп’ од нив загубивме со 4:0 и мислам дека од тогаш силно напредувавме. Тоа денеска не беше доволно за титулата, но во фудбалот мора да постојат предизвиците“, заклучи Фергусон. Финалето беше последен меч во кариерата на голманот на Манечстер јунајтед, Едвин ван дер Саар, кој за „црвените ѓаволи“ одигра 186 натпревари. Во својата богата кариера, Холанѓанецот освои две титули во Лигата на шампионите, првата со Ајакс во 1995 г., а втората на Манчестер јунајтед во 2008 г.„Беше тоа меч во која единствената шанса единствената шанса први да постигнеме гол. Барселона одигра подобро и ги казнуваше нашите грешки. Никогаш не е убаво да загубите, особено кога го играш последниот натпревар, но не можеш секогаш да избираш кога и против кого ќе го играш прошталниот меч“, изјави по мечот ван дер Саар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Крвнички старт на Ридигер, евро-гол на Сатријано, два црвени картони и пораз на Реал од Хетафе
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Ова е прва победа на Хетафе на „Бернабеу“ по 18 години, односно од победата од 1:0 на 24 февруари 2008 година.
Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата.
Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот.
Реал го контролираше натпреварот од самиот почеток, но Хетафе прв се закани. По центаршутот на Мауро Арамбари, левиот бек Диего Рико го гаѓаше подалечниот агол во 10-та минута, но Трент Александар-Арнолд и голманот Тибо Куртоа, успеаја да спреќат водство на аутсајдерот. .
Домашниот тим имаше фантастична можност три минути подоцна, кога топката ја загуби стоперот Себастијан Босели како последен играч во одбраната на Хетафе.
Винисиус излезе сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, но капитенот на гостите го одбрани неговиот удар.
Страстите зовреа по крвничкиот старт на Антонио Ридигер, врз Рико.
Германецот прво го фаулираше поранешниот фудбалер на Борнмут во нападот во 25-та минута, а потоа во следната акција го удри Шпанецот со колено во главата, додека Рико веќе лежеше на земја. Хетафе доби прекршок, но главниот судија не покажа картон, додека Рико врескаше од болки.
Шпанците веднаш ја нализираа целата ситуација и согласни се дека Ридигер морал да добие црвен картон.
— Has vini done 10x today? (@10xVini) March 2, 2026
Во 39-та минута се случи клучниот момент кога Сатријано фати полуволеј за водство на Хетафе.
Во второто полувреме, Реал целосно го „задуши“ противникот со својата игра, но не успеа да постигне ниту еден гол и да избегне пораз.
Четири одлични шанси имаше Реал, но играчот на натпреварот голманот Давид Сорија не дозволи да биде совладан.
Тензијата беше на високо ниво во текот на целиот натпревар, а на крајот, напаѓачот на Реал, Франко Мастантуоно, доби директен црвен картон откако нешто му дофрли на судијата.
Тоа се случи во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме, а само две минути подоцна, играчот на Хетафе, Адриан Лисо, доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
На поразот на Реал најмногу се израдуваа во Барселона, Каталонците по 36 рунди имаат четири поени повеќе од најголемиот ривал и речиси отворен пат кон шампионската титула.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.

