Свет
Во Багдад продолжуваат преговорите на Иран е шестката

Преговорите меѓу претставниците на Иран и на шесте големи сили за контроверзната нуклеарна програма на Техеран продолжуваат во четвртокот во ирачката престолнина Багдад, откако разговорите во средата не доведоа до напредок, според западни дипломати.
Досегашните разговори во Багдад покажале дека има „висок степен на несогласување“, но и области во кои е можно да се изнајдат заеднички ставови, изјавил неименуван американски дипломат за Reuters, додавајќи дека „верува оти сепак се покренати вистинските преговори“.
Иран сака со овие преговори да се дојде до запирање на економските санкции, додека шесте велесили, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, се надеваат дека ќе изнудат отстапки во врска со иранската програма за збогатување ураниум.
Ова е втор состанок откако во средината на април во турската метропола Истанбул по 15 месеци засилување на тензиите беа продолжени дипломатските контакти меѓу Иран и меѓународната заедница./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Протести на Алјаска: „Не го сакаме Путин тука“

„Не го сакаме Путин тука. Нека ги повлече своите трупи од Украина. Алјаска стои со Украина“, велат демонстрантите во Анкориџ кои се собраа на улиците пред средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.
🇺🇸🇺🇦 Happening right now: a big pro-Ukrainian rally in Anchorage ahead of the Trump-Putin meeting. “Ukraine and Alaska — Russian never again.” pic.twitter.com/Zx2VKVYW9G
— Ostap Yarysh (@OstapYarysh) August 15, 2025
Во Алјаска беа организирани 16 протести против средбата Трамп-Путин, а во Анкориџ, најголемиот град во оваа федерална држава, на улиците се собраа неколку стотици луѓе, објавува „Анкориџ дејли њуз“. Тие носеа украински и американски знамиња.
фото: принтскрин
Свет
Русија: Се надеваме на продолжување на конструктивните разговори со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва се надева на продолжување на „корисните и конструктивни разговори“ со САД.
Лавров рече дека очекува разговорите да продолжат денес во Алјаска. „Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција и ќе ја презентираме“, рече Лавров.
Тој додаде дека многу веќе е постигнато за време на посетата на Стив Виткоф, кој зборуваше во име на претседателот Трамп, и дека за тоа зборувал и претседателот Путин. „Се надевам дека ќе го продолжиме овој конструктивен разговор“, заклучи Лавров.
Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).