Македонија
Гордон: Македонија во НАТО со решение за името
Македонија ќе се приклучи во НАТО тогаш кога ќе се разреши спорот со името, рече Филип Гордон, американски помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања во своето обраќање пред Центарот за Трансатлантски односи во Вашингтон, посветено на односите САД-ЕУ
Порача дека за САД, Европа нема да биде комплетна се додека земјите од западен Балкан не се приклучат на Европската Унија. „Американскиот и европскиот поглед е дека Европа нема да биде целосна се додека сите земји од западниот Балкан не се целосни членки на ЕУ. Јас минатата недела бев со државниот секретар Клинтон во посета на Балканот и можам да ви кажам дека нашата политика кон регионот е во блиска координација со Европската унија. Во врска со дијалогот меѓу Србија и Косово, за иднината на Босна, за патот на Хрватска кон ЕУ ние сме во блиска консултација со Европа. Ние ги поздравивме Албанија и Хрватска во НАТО, го проширивме Акциониот план за членство со Босна и со Црна Гора, додека Македонија ќе се придружи во оној момент кога прашањето за името е решено“, рече Гордон. Тој во своето обраќање се осврна на односите меѓу ЕУ и САД, како и нивната улога на глобален план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонскиот концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува „неодговорната и провокативна“ изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет, велат од Македонски концепт.
„Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Од таму додаваат дека остануваат посветени на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.
Македонија
(Видео) СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, рече Петрушевски
„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.
СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.
СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.
Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР