Македонија
?????????????? ????????? ?????? ?? ????? ???????? – ????? ???????

Кумановецот Предраг Гелевски (20 години) утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на седум километри од Куманово, соопштуваат од СВР Куманово.
Кумановецот Предраг Гелевски (20 години) утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на седум километри од Куманово, соопштуваат од СВР Куманово.
Во сообраќајката полесно се повредени и уште двајца други кумановци, дваесет и петгодишниот Даниел Т. и дваесет и осумгодишниот Тони Ј.
Сообраќајката се случила кога Гелевски со своето БМВ движејќи се од Куманово кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во браникот на патот. Одбивајќи се од браникот преминал на левата лента, налетал на комби „пежо боксер“ и удрил во него.
Од ударот Галевски се здобил со тешки телесни повреди и починал во болница. Другите двајца патници на комбите се здобиле со полесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.
На местото на сообраќајката извршен е увид и се утврдуваат точните причини за несреќата. Неофицијално Галевски изгубил контрола поради лизгавиот коловоз. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што се здоби со сериозни изгореници и повреди.
Болницата „Систина“ кадешто се лекуваше Панчо изрази длабоко сочувство со семејството, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност.
Македонија
Цветановска: Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, ќе повика ли Маја Мојсова во втор круг да се гласа за него?

Кандидатката за советник во Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Цветановска, изјави дека актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски ги уништил Карпош 3 и Карпош 4.
„Стевчо Јакимовски ги уништи Карпош 3 и Карпош 4, нема нови зелени површини, нема нови паркинг места, нема нови содржини,“ изјави Цветановска.
Таа потсети дека „во Карпош 3, во Лептокарија, вети подземен паркинг со фонтана и шеталиште над паркингот – инвестиција која ја најавуваше како најголема и најважна во неговиот мандат. Од тоа има само едно големо ништо“.
„И во Карпош 3 и во Карпош 4 зелените површини ги уништи, а нови не направи. Стевчо Јакимовски го бетонизираше Карпош 3 и Карпош 4, а вети нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк и центар за старт-ап фирми,“ додаде таа.
Во изјавата Цветановска ја спомена и кандидатката на СДСМ, Маја Мојсова, за која рече:
„Маја Мојсова, која од СДС е поставена како статист на овие избори, треба да служи само како мост за префрлање на гласовите на карпошани во вториот круг на контото на Стевчо Јакимовски. Истиот оној Стевчо Јакимовски кој го уништи Карпош 3 и Карпош 4.“
„Маја Мојсова игра улога која на овие избори и ја даде Венко Филипче и Зоран Заев,“ додаде Цветановска, прашувајќи „дали ќе биде послушник на мафијата и ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски, а со тоа и за нова и продолжена бетонизација на Карпош.“
Македонија
Костовски: Ќе изградиме Дом на култура во Бутел

„Почитувани граѓани на општина Бутел, денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом“, рече Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.
„На оваа тематика работевме во изминатиот период. Успеавме да ги надминеме сите имотно правни проблеми и успеавме да направиме еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедија и 3Д анимација којашто ќе можеме да ја погледнеме.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел“, изјави Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ.