Контакт

Здравје

Почина американскиот 'Велештрумф'

Објавено пред

Пол Карасон, Американецот кому кожата целосно му стана сина од преголемото количество сребро, починал претходно седмицава во 62 година од животот, објaви The Los Angeles Times.

dobivaj vesti na viber

Пол Карасон, кој поради сината кожа и седата брада медиумите го нарекоа Велештрумф, стана светски познат откако настапи во познатото телевизиско шоу Today во 2008 година во кое на јавноста и` ја објасни својата состојба.

Неговата состојба стручно се нарекува аргирија, а е предизвикана од преголемо количество на сребро во кожата и останатите ткива кои добиваат сина боја откако ќе бидат изложени на светлина.

Повеќето луѓе внесуваат мали количества сребро во секојдневниот живот, бидејќи тоа природно се наоѓа во водата и во почвата. Карасон, меѓутоа, намерно претерувал со внесувањето на среброто во својот организам повеќе од десет години. Прво пиел колоидно сребро или ткн царска вода, за да му помогне против дерматитисот на лицето. За таа цел не му помогнало, но како што тврдеше Ларасон, му помогнало во ублажувањето на симптомите на артритисот и желудечниот рефлукс.

Подоцна го намалил користењето на колоидното сребро, односно суспензијата на овој елемент во течност, но кожата му остана сина, бидејќи аргиријата е трајна состојба.

Меѓутоа, малку е веројатно дека аргиријата имала улога во смртта на Карасон, кој неодамна претрпел и срцев и мозочен удар, а пред да почине боледувал и од воспаление на белите дробови, бидејќи оваа состојба лекарите ја сметаат главно за козметички проблем./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Има 51 година и супер обликувано тело: поранешната членка на „Спајс грлс“ изгледа брутално во бикини

Објавено пред

Пејачката Мелани Џејн Чисом, попозната како Мел Си, поранешна членка на популарната група „Спајс Грлс“, ја воодушеви јавноста со својата неверојатна фигура во зелено бикини додека шеташе покрај плажата во Сиднеј.

dobivaj vesti na viber

Таа носеше дводелен костим за капење и го покажа своето извајано и затегнато, мускулесто тело, а погледите на сите присутни ги маѓепсаа нејзините прекрасни стомачни мускули.

Речиси е невозможно да се поверува дека има 51 година, бидејќи благодарение на редовните и напорни тренинзи, таа постигна фигура на која можат да и позавидат и оние двојно помлади од неа.

Внимание привлекоа и нејзините тетоважи и мазна, негувана кожа без грам целулит, а на овој топол ден друштво и правеше партнерот Крис Динвол со кој е во врска од минатата година.

Прикажи повеќе...

Забава

Витамин Ц или витамин Е: кој антиоксидант е најдобар за вашата кожа

Објавено пред

Се чини дека постојано се бараат чудесни комбинации што го забавуваат стареењето, го изедначуваат тенот и ги бришат несовршеностите.

dobivaj vesti na viber

Сепак, две антиоксидантни ѕвезди остануваат неоспорни во светот на негата на кожата – витаминот Ц и витаминот Е.

И двете состојки се омилени меѓу ентузијастите за убавина и кај дерматолозите, а нивното присуство во козметичките формули обезбедува многубројни придобивки.

Витамин Ц: блескав сојузник на вашата кожа

Од суштинско значење во борбата за сјајна кожа витаминот Ц (аскорбинска киселина) е моќен антиоксидант познат по:

  • Го изедначува тенот: помага во намалувањето на темните дамки и хиперпигментацијата правејќи ја кожата посветла и посвежа;
  • Го стимулира производството на колаген: обезбедува цврстина и еластичност намалувајќи ја појавата на фини линии и брчки;
  • Заштитува од фотостареење: кога се користи наутро, во комбинација со заштитен фактор, ја зголемува заштитата на кожата од УВ-оштетување и од слободните радикали;
  • Сепак, витаминот Ц може да ја иритира чувствителната кожа, особено во високи концентрации. Затоа, препорачливо е да се почне со помали проценти и постепено да се зголемува дозата;
  • Исто така, избегнувајте да го комбинирате со ретинол или АХА-киселини за да избегнете потенцијална иритација.

Витамин Е: хидратантен штит на кожата

Витаминот Е (токоферол) е липосолубилен антиоксидант познат по својата способност:

  • Длабоко хидрира: ја заклучува влагата во кожата спречувајќи дехидрација;
  • Ја зајакнува заштитната бариера: создава заштитен слој на површината на кожата спречувајќи губење вода и пенетрација на надразнувачи;
  • Го намалува воспалението: ги смирува црвенилото и иритацијата, идеален за сува и чувствителна кожа;
  • Заштитува од оксидативен стрес: ги неутрализира слободните радикали предизвикани од УВ-зрачењето и од загадувањето;
  • Она што го прави витаминот Е уште поефикасен е неговата способност да ги подобри стабилноста и ефикасноста на другите антиоксиданти, особено кога се комбинираат со витамин Ц.

Дуо од соништата: комбинација од витамини Ц и Е

За максимална заштита и сјајна кожа експертите препорачуваат комбинирана употреба на двата витамина.

Кога се користи заедно, витаминот Е го стабилизира витаминот Ц овозможувајќи му да работи поефективно и ја подобрува заштитата од оштетување од УВ.

Идеалната комбинација содржи 15 % витамин Ц и 1 % витамин Е, кој обезбедува оптимална антиоксидантна моќ и видливо го подобрува изгледот на кожата.

Кој витамин е најдобар за вас?

  • Ако имате проблеми со хиперпигментација, безживотна кожа или знаци на стареење – витаминот Ц е вашиот сојузник;
  • Ако имате сува или чувствителна кожа, склона кон иритација – витаминот Е е вистинскиот избор;
  • Ако сакате сеопфатна нега и заштита – користете ги двата витамина заедно за максимален ефект.

Совети за правилна употреба:

  • Почнете полека: постепено внесувајте витамини за да избегнете иритација;
  • Нанесете наутро: идеално време за витамини Ц и Е е по чистењето на лицето, пред да нанесете заштитен фактор;
  • Секогаш користете крем за сончање: витаминот Ц може да ја зголеми чувствителноста на кожата на сонце, така што дневниот заштитен фактор е задолжителен чекор;
  • Изборот помеѓу витамин Ц и витамин Е зависи од вашите специфични потреби и од типот на кожата. Сепак, комбинираната употреба на овие моќни антиоксиданти дава најдобри резултати обезбедувајќи ѝ на кожата сјај, цврстина и долготрајна заштита;
  • Инвестирајте во квалитетни серуми и дозволете вашата кожа да блесне во полн сјај!
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Кората од ова овошје го нарекуваат природен ботокс: дали е навистина така

Објавено пред

Убаво и негувано лице е целта на секоја жена која се грижи за себе, а многу често сме во дилема како треба да се однесуваме кон него, кои производи да ги користиме, а кои не вредат.

dobivaj vesti na viber

Фактот дека брчките е невозможно да се избегнат загрижува многумина, но секако дека постојат начини да ги забавите.

Покрај скапите производи што ги користат многу жени, на „Тик ток“ стануваат вирални видеата со природен трик за успорување на брчките.

@yourmategingerkate 🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌🍌 #naturalskincare #skincare #antiaging #antiagingskincare ♬ original sound – Kate 👩🏻‍🦰

Иако се се повирални видеата со ова овошје, дерматолозите објаснија дека нема докази дека кората од банана делува на брчките.

„Нема научни докази кои сугерираат дека триењето на кората од банана на кожата може да помогне при брчки, темни кругови или воспаление“, вели д-р Тејлор Булок од Клиниката во Кливленд.

Бананите можат да бидат ефикасни во негата на лицето благодарение на антиоксидансите кои ги содржат, но тешко дека ќе забележите ефект во однос на намалување на брчките. Иако, не ве чини ништо да се обидете.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Какви беа последните денови на папата Франциско: „Изгледаше како да се збогува“

Во понеделникот точно напладне црковните ѕвона ширум Италија одекнаа во жалост. Почина папата Франциско. Не поминаа ни 24 часа откако...

Европа6 часа

„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо...

Европа6 часа

Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со...

Македонија10 часа

На Табановце и Богородица се чека еден час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Европа12 часа

Шок и солзи во Ватикан: „Големиот папа нè напушти, уриваше бариери“

„Почина голем папа“, вели Фабио Малвеси, сè уште видно шокиран, како и многумина од верниците и туристите кои се собраа...

Македонија15 часа

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, на Светол Понеделник, 21 април 2025 година упати писмо до сите...

Европа17 часа

Светските лидери се збогуваа со папата: „Тој секогаш беше на страната на најранливите“

Реакции за смртта на папата Франциско доаѓаат од сите страни, а високи функционери од бројни земји се согласуваат дека „народниот...

Македонија17 часа

СДСМ бара оставка од Љутков „за хаосот во културата“

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници...

Европа17 часа

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

По смртта на папата Франциско во понеделникот, во Ватикан настапи седисваканција – период без папа. Терминот седисваканција доаѓа од латинскиот...

Европа18 часа

Почина папата Франциско

Папата Франциско почина утринава на 89-годишна возраст, соопшти Ватикан. „Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Франциско се врати во домот...

Македонија19 часа

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници. Кај 16...

Македонија19 часа

„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина...

Европа20 часа

Предупредување за воздушни напади во Украина неколку часа по завршувањето на велигденскиот прекин на огнот

Ширум Украина рано утринава тревога за воздушни напади, само неколку часа по истекот на „велигденскиот прекин на огнот“. Украинските воздухопловни...

Свет20 часа

Кина: Цврсто ќе се спротивставиме на секој што ќе постигне договор на штета на Кина

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но...

Свет20 часа

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што...

Европа20 часа

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати,...

Македонија1 ден

Гаши демантира дека ја напушта коалицијата Вреди, останува лојален на гласачите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, преку објава на Фејсбук ги демантираше информациите што се појавија во некои медиуми дека ја...

Скопје2 дена

Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје,...

Македонија2 дена

Меџити: Вреди ќе се менува, платформата станува партија

Од платформата Вреди наскоро ќе произлезе нова политичка партија, која ќе настапи обединето на претстојните локални избори. Како што најави...

Свет2 дена

Откриен големиот воен проект на Трамп, Илон Маск е вклучен во сѐ

Компанијата на Илон Маск, заедно со партнерите „Palantir“ и „Anduril“, моментално е еден од главните кандидати за развој на клучните...