Свет
Мексиканците стигматизирани од грипот
Мексиканците се чувствуваат стигматизирани, иако медицинските експерти го нарекоа новиот грип А (H1N1), тој за нив е “скарлетна буква“
Почнувајќи од Чиле, каде надлежните за спорт одбија гостопримство на мексиканските фудбалски тимови, па се до Кина, каде надлежните ги присилија дури и здравите мексикански граѓани да бидат во карантин. Мексиканците сведочат дека се чувствуваат како луѓе од кои сите бегаат и дека се подложени на понижувања. Во земјата со повеќе од 100 милиони жители, само неколку стотици случаи на свински грип се забележани, а болеста е потврдена и во повеќе од 20 други земји. Но, медиумското покривање на ширењето на грипот, во стравување од пандемија, секогаш ја вклучува информацијата дека појавата на болеста прв пат е забележана во Мексико. Научниците се уште не откриле од каде потекнува болеста, чии најрани случаи се забележани на југозападот од САД и во Мексико. Но, според Центарот за контрола на болести и превенција на САД, содржи гени на вируси на грип кои нормално циркулираат во свињите во Европа и Азија, како и човечки гени. Некои здравствени експерти тврдат дека вирусот слабее и дека неговата смртоносна моќ опаѓа. Најголема огорченост се јавува кај Кинезите во Хонконг, чии сеќавања на САРС се многу свежи. САРС однесе 700 животи во 2003 година.Во саботата, кинеските власти носеа десетици Мексиканци кои живеат таму, или кои стигнале со авион во земјата во болница, дури, забележани се случаи кога Мексиканци се носени со придружба од хотелите до болница на полноќ.Кинеските надлежни тврдат дека барале патници кои можеби се заразени за да ги изолираат, затоа што се сомневале дека најмалку еден е заразен. Мексиканската влада ја обвини официјална Кина дека не е правилно тоа што ги ставала Мексиканците во карантин. Мексиканските дипломати се лути на суспензијата на латино-американските земји, Аргентина, Перу, Еквадор и Куба, кои ги откажале летовите кон Мексико. Мексико објави дека поради неадекватниот термин кон неговите граѓани, ќе ги врати сите 70 патници од Кина назад, вклучувајќи ги и тие кои се во карантин. Денеска, Ројтерс пренесува дека 44 патници ќе се бидат вратени од Кина во Мексико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дупка проголта бродови: Вонредна состојба во британска област
Во британската област Шропшир е прогласена вонредна состојба откако во канал кај градот Вичрч се отворила голема дупка, која полицијата ја опиша како понор. Во инцидентот два брода пропаднале во отворот, додека уште два останале опасно да висат на самиот раб, јави Би-Би-Си.
Фотографиите од местото на настанот покажуваат целосно уривање на дел од пловниот пат, при што водата од каналот речиси целосно истекла. Според информациите, два теснокоритни брода потонале, а уште два останале заглавени на работ од пројавата.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Полиција соопшти дека засега нема информации за повредени лица и ги повика граѓаните да го избегнуваат подрачјето и да користат алтернативни правци.
A 50m sinkhole has opened beneath the Whitchurch canal in Shropshire, swallowing narrowboats and forcing more than 10 people to be rescued.
A major incident is declared as crews battle unstable ground and rushing water. #Whitchurch #Shropshire pic.twitter.com/02PIZzlen2
— BPI News (@BPINewsOrg) December 22, 2025
Локалниот советник во Вичрч, Енди Хол, за Би-Би-Си изјави дека инцидентот се случил околу 5 часот наутро и дека огромна количина вода истекла на блиското поле. Според неговите зборови, дел од жителите помислиле дека станува збор за земјотрес, додека пожарникарите поставиле брана за да се спречи дополнително истекување и потенцијални поплави.
Фото: илустрација, Pexels
Свет
Американски конгресмени се закануваат со тужба поради необјавените досиеја за Епстин
Двајца американски конгресмени се заканија со правни чекори против државната обвинителка Пем Бонди кога Министерството за правда само делумно ги објави документите поврзани со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин иако законскиот рок истече минатиот петок, пренесе Би-би-си.
Законот за целосна објава на таканаречените Епстинови досиеја беше потпишан во ноември од американскиот претседател Доналд Трамп по притисок од неговите поддржувачи и дел од Републиканската партија. Иако некои од документите беа објавени, многу информации останаа редактирани или нејавно достапни, што предизвика незадоволство кај дел од конгресмените и кај жртвите.
Републиканскиот конгресмен Томас Меси најави можност за поведување постапка за непочитување на Конгресот против Бонди тврдејќи дека Министерството ги крши духот и словото на законот. Тој изјави дека на иницијативата работи заедно со демократскиот конгресмен Рум Хана, кој појасни дека се гради двопартиска поддршка за финансиско казнување на обвинителката за секој ден доцнење.
Од Министерството за правда тврдат дека постапуваат во согласност со законот и дека објавата ќе продолжи во наредните недели. Заменикот на Бонди, Тод Бланш, изјави дека станува збор за повеќе од милион страници документи, од кои голем дел содржат чувствителни информации за жртвите.
Демократскиот сенатор Тим Кејн оцени дека евентуална постапка за непочитување на Конгресот или импичмент би била прерана и дека постојат други законски механизми за притисок.
Свет
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот
Тајланд и Камбоџа најавија нови преговори за прекин на огнот откога смртоносните погранични судири влегоа во третата недела. Средбата на официјални претставници е најавена за следната недела со цел да се постигне траен прекин на борбите, пренесе Би-би-си.
Според тајландскиот министер за надворешни работи, Сихасак Фуангкеткеов, претходното примирје од јули било избрзано бидејќи САД инсистирале договорот да биде потпишан пред посетата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп. Тој најави дека воените претставници на двете земји ќе се сретнат на 24 декември пред евентуален нов договор. Камбоџа засега не се огласи.
Во обновените борби, кои вклучуваат артилериски напади и воздушни удари по должината на границата долга речиси 800 километри, загинале најмалку 41 лице, а приближно 900.000 луѓе биле раселени од двете страни на границата.
Ескалацијата предизвика загриженост и во регионот, при што на состанок на АСЕАН беше повикано на итно смирување на состојбата. Во посредувањето се вклучени и САД и Кина.
Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа траат повеќе од еден век, а последното примирје, постигнато по посредството на Малезија и САД, се распадна на почетокот на декември по што двете страни меѓусебно се обвинија за ново разгорување на борбите.

