Македонија
Повозрасните граѓани позаинтересирани за бесплатните превентивни прегледи

Повозрасните граѓани над 60 години денеска дојдоа да направат рутински бесплатни превентивни прегледи на плоштадот Македонија, во Скопје по повод одбележувањето на 7-ми април, Светскиот ден на здравјето.
Повозрасните граѓани над 60 години денеска дојдоа да направат рутински бесплатни превентивни прегледи на плоштадот Македонија, во Скопје по повод одбележувањето на 7-ми април, Светскиот ден на здравјето.Вработени доктори од Здравствениот дом Скопје ги изведуваат основните мерења на граѓаните: височина и тежина , обем на појасот, мерење на крвниот притисок како и испитување на нивото на шеќер и холестерол во крвта.Докторка Весна Трајчевска од поликлиника Битпазар вели дека поголема заинтересираност покажува повозрасната популација која повеќе време посветува на здравјето, за разлика од помладите на возраст од 20 до 60 години.„Жалосно е таа популација од 20 до 60 години која нема време да ги изврши рутинските прегледи бидејќи се’ друго е поважно отколку здравјето. Потребни се редовни основни рутински контроли барем еднаш годишно“, изјави Трајчевска.Таа додаде дека физичката активност и исхраната водат кон подобар живот. Поради тоа се делеа бесплатни примероци од брошури и материјали за промоција на здрав начин на исхрана и стил на живеење.Како и секоја година, така и оваа Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје, Здравствен дом – Скопје и Центарот за јавно здравје – Скопје ја организираа заедничката акција за бесплатни превентивни прегледи на пет пунктови во Скопје, намените за граѓаните на Република Македонија. Прегледите се вршат моментално од 08 до 14:00 часот, на плоштадот Македонија, во паркот во населба Чаир, во паркот во Бутел, во паркот во Ѓорче Петров, како и во близина на ТЦ Бисер во населбата Јане Сандански./крај/макфакс/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.