Македонија
За грешка од пред седум години гинекологот Арсов во затвор
Гинекологот Панче Арсов од Велес веќе една недела во КПД „Идризово“ ја одлежува казната затвор за лекарска грешка, јавува Лисица. Велешкиот суд пред четири години го осуди поради лекарска грешка, од која на 3-ти јуни 2003 година почина дваесет и шест годишната родилка Бојанка Игнова.Седум ипол години од смртта на Бојанка, нејзиното семејство живее со тагата за загубениот млад живот, но и упорноста да ја докажат вистината за негрижата која доведе нивната ќерка, сопруга и мајка повеќе да не е меѓу нив.„За една ваква трагедија сметаме дека казната затвор од една година е навистина премала и во годините поминати во борбата за опстанок на правдата сепак верувајќи во судскиот систем сметаме дека правдата на некој начин е задоволена. Ја повикувам Лекарската комора да се произнесе за лиценцата на овој лекар, рече Павлина Масларова, сестра на починатата Бојанка Игнова.Грешката на докторот ја потврдува вештачењето , кое го направиле професори на Медицинскиот факултет. Во него се потврдило обвинението во кое стои дека гинекологот наместо да интервенира врз родилката Бојана Игнова, тој ја покрил со три ќебиња, не го препознал крварењето и оставил родилката да искрвари до смрт.По обвинението и вештачењето Основниот суд од Велес на гинекологот др.Панче Арсов му изрече казна затвор во траење од една година. Апелациониот суд од Скопје ја прифати одлуката на велешкиот суд и ја потврди вината откако Одбор за судско медицинско вештачење направи супер вештачење.Семејството на Игнова го обвини докторот оти не и укажал навремена помош, по што таа искрварила до смрт. Ја обвинија и болницата која во тоа време немала дежурен анестезиолог.На гинекологот Арсов му се судеше по обвинение за сторено кривично дело, тешки дела против здравјето на луѓето.За цело време додека траеше судскиот спор, Арсов негираше дека причината за смртта кај родилката Игнова е негова негрижа. Тврдеше дека сторил се за таа да се спас.крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

