Контакт

Македонија

Еднократна парична помош за семејството на убиениот српски турист

Објавено пред

Советот на општина Охрид, донесе одлука да му додели еднократна парична помош, во висина од 5. 000 евра, на семејството на трагично загинатиот српски турист Дејан Новковиќ, пренесе Охридњуз. Со усвојување на ребалансот на општинскиот буџет , советниците го прифатија и амандманот за доделување на паричната помош, кој беше предложен од страна на градоначалникот Петрески. „Донесовме одлука парично да го помогнеме семејството на Новковиќ, поаѓајќи од фактот дека убиството се случи во нашиот град и што убиениот зад себе остави три малолетни деца и невработена сопруга“, изјави претседателот на Советот, Душко Јаковчески. Деновиве за одлуката на советот ќе биде информирано и семејството и најдоцна до крајот на годинава парите ќе бидат испратени во Белград. /крај/охридњуз/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти.

Вкупно 287 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачки: Македонија е без највисок воен претставник во НАТО оти предложениот кандидат бил одбиен од Алијансата

Објавено пред

Македонија веќе 2 и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел. Причината за тоа е што кандидатот што Шекеринска го предложи и Пендаровски го прифати, НАТО го одби. Ова го истакна на прес-конференција, Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратила уште едно лице кое било испратено и работело веќе една година во Брисел.

„Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата“, рече Ковачки.

ВМРО-ДПМНЕ јавно ги повика  министерката Шекеринска и претседателот Стево Пендаровски да кажат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство, а доколку тоа не е така, да се произнесат кој и зошто ги прекршил процедурите.

Ковачки додаде и дека Шекеринска и Пендаровски мора да понесат одговорност за овој огромен скандал што не компромитира како земја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашува директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје.

„Јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој и вчера се осврна на оваа тема, коментирајќи дека Петров трошел 200 илјади евра за себепромоција, склучувајќи договор со две маркетинг агенции за да снима интервјуа и спотови во Фондот за иновации со државни пари.

Петров ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека видеата се направени во негова продукција и не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Арсовски, тоа што Петров во своја одбарана вели дека договорот го склучил неговиот претходник, укажува дека ги трга рацете оти има нешто сомнително во овој тендер што, сепак, е склучен во период кога СДСМ е на власт. Арсовски нагласува и дека ако Коста Петров не ги користи услугите на овие две агенции и снима со сопствена продукција, како што тврди, зошто досега како директор не го не го ревидирал истиот договор и да го поништи да спаси 200.000 евра на граѓаните да не завршат непотребно во нечии џебови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет2 часа

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт3 часа

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Европа3 часа

Франција го врати полицискиот час

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од...

Регион4 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија4 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија16 часа

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт17 часа

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија17 часа

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија21 час

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија23 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ1 ден

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа1 ден

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион1 ден

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет1 ден

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет1 ден

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија1 ден

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет2 дена

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет2 дена

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет2 дена

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Досие