Спорт
Петто коло во Првата МФЛ, дербито се игра во Тетово

Три дена ќе бидат потребни за да се комплетира петтото коло во Првата МФЛ. Натпреварите од оваа натпреварувачка рунда ќе се играат денес, утре и во вторник, кога ќе се комплетира колото.
Три дена ќе бидат потребни за да се комплетира петтото коло во Првата МФЛ. Натпреварите од оваа натпреварувачка рунда ќе се играат денес, утре и во вторник, кога ќе се комплетира колото. Најпривлечниот натпревар од ова коло ќе се одигра утре во Тетово, каде силите ќе ги одмерат Ренова и Шкендија, екипи кои во последните две сезони ја освојуваа шампионската титула. Денеска со почеток од 16:30 часот ќе се одиграат натпреварите Напредок-Металург, Охрид-Вардар и Силекс-Брегалница. Во вторник ќе се одиграат дуелите 11: Октомври-Тетекс и Работнички-Хоризонт Турново. По четири кола лидери на табелата се Металург и Вардар со 10 бодови, на дното е 11.Октомври без освоен бод. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал брка историја во Лондон, Атлетико има намера да им ја расипе прославата

Стадионот „Емирати“ во Лондон е подготвен за ново поглавје во историјата на Арсенал. Вечерва во 21 часот тимот на Микел Артета има можност да стигне до јубилејната, стота победа во Лигата на шампионите, додека Атлетико Мадрид ќе се обиде да им ги расипе плановите.
На европската сцена оваа година, Арсенал влезе според планираното, максимален настап по првите две кола, четири постигнати гола и ниту еден примен гол. По рутинските 2:0 против Билбао и Олимпијакос, англискиот тим, со максимални шест бода, се приклучи на елитната група на непоразени клубови, додека е единствениот заедно со Интер кој досега не капитулирал.
Особено фасцинантни се нивните дуели со шпанските клубови, кои велат дека Арсенал победил дури шест последователни натпревари во Лигата на шампионите, што ниту еден европски гигант не го успеал. И, ако на тоа го додадеме фактот дека „топџиите“ не примиле гол дома во групната фаза во последните 11 натпревари, јасно е зошто улогата на фаворит му беше препуштена на тимот на Микел Артета.
Сепак, од друга страна, во северен Лондон пристигнува ривал кој живее за вакви моменти. Особено поради тоа кој им седи на клупата… По несреќниот пораз од Ливерпул (2:3), тимот на Диего Симеоне го фати моментумот во последното коло од Лигата на шампионите, го декласира Ајнтрахт со 5:1.
Со тоа, шпанскиот великан докажа колку е силно мотивиран на меѓународната сцена, каде што навистина сака да направи пробив. Но, останува да се види како ќе одговорат на вечервашниот предизвик, со оглед на нивната многу скромна форма на гостувањата оваа сезона – без победа, со два порази и три нерешени резултати.
Последниот натпревар меѓу овие ривали, одигран во Лондон (во 2018 година), заврши со резултат 1:1. Тоа беше полуфинален натпревар од Лигата на Европа, а по два натпревари и реваншот во Мадрид (1:0), шпанскиот тим се пласираше понатаму и подоцна го крена трофејот во финалето.
Лига на шампиони на УЕФА, 3-то коло
Вторник:
Барселона – Олимпијакос (18.45 часот)
Каират – Пафос (18.45)
Арсенал – Атлетико Мадрид (21 часот)
Баер Леверкузен – Париз Сен Жермен (21)
Копенхаген – Борусија Дортмунд (21)
Њукасл – Бенфика (21)
ПСВ – Наполи 21
Унион Сен Жил – Интер (21)
Виљареал – Манчестер Сити (21)
Среда:
Атлетик Билбао – Карабаг 18.45 (часот)
Галатасарај – Бодо Глимт 1(8.45)
Аталанта – Славија Прага (21 часот)
Баерн – Клуб Бриж (21)
Челзи – Ајакс (21)
Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул 21
Монако – Тотенхем (21)
Реал Мадрид – Јувентус (21)
Спортинг Лисабон – Олимпик Марсеј (21)
Спорт
Хаусен неизвесен за „Ел Класико“

Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, сè уште не се опоравил од повредата и не е исклучено да го пропушти претстојното „Ел Класико“.
Хаусен го напушти кампот на шпанската репрезентација за време на претходната пауза, по што му е предвидена пауза од 10 до 15 дена. Сепак, тој сè уште не се вратил на тимските тренинзи и во моментов е под голем знак прашалник за натпреварот во недела.
Ова е голем проблем за Чаби Алонсо со оглед на тоа што Антонио Ридигер е веќе повреден, додека Давид Алаба излезе на полувремето против Хетафе со болка во мускулот.
Доколку Хаусен не е подготвен, стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Едер Милитао и Раул Асенсио, а да потсетиме дека се очекува Трент Александар-Арнолд да биде подготвен до недела.
Големи проблеми со повредени фудбалери има и колегата на Алонсо, Ханс Флик, кој поради суспензија нема да ја води Барселона од клупата против Реал.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.
Спорт
Нема топла вода за играчите на Атлетико

Вечерва во 21:00 часот, Арсенал ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од дерби натпреварите од третото коло на Лигата на шампионите. Натпреварпт доби предигра, за која пишуваат шпанските медиуми. Го истакнуваа не домаќинското однесување на Арсенал.
Атлетико тренираше на „Емирати“ еден ден пред натпреварот. По тренингот, играчите на гостите ги пречека непријатно изненадување.
Немало топла вода во нивната соблекувална, како и во другите соблекувални на „Емирати“, па играчите на Атлетико, испотени и валкани, заминаа во автобусот, кој ги однесе во хотелот. Конечно се истушираа таму, но според медиумите од Шпанија, тие се бесни на Арсенал што не им обезбеди минимални хигиенски услови.
„Играчите се огорчени, а клубот веќе поднесе официјална жалба до УЕФА поради инцидентот што се случи на „Емирати“, објавува шпанското радио „Кадена Сер“ од Лондон, додавајќи: „Ситуацијата што ја доживеаа играчите на Атлетико е несоодветна за најсилното клупско натпреварување во светот.
Станува збор за необичен инцидент во елитниот фудбал. Целата ситуација добива дополнителна тежина бидејќи дефектот на инсталациите на Арсенал бил пријавен во 17:30 часот, кога тимот пристигна на стадионот, но лондонскиот клуб не можеше да најде никакво решение.“