Свет
Иран го сопре извозот на нафта во шест држави на ЕУ

Иран денеска го сопре извозот на нафта кон шест европски држави, во знак на одмазда на санкциите што му ги наметна Европската унија (ЕУ), јави иранската телевизија Прес, која емитува вести на англиски јазик.
Иран денеска го сопре извозот на нафта кон шест европски држави, во знак на одмазда на санкциите што му ги наметна Европската унија (ЕУ), јави иранската телевизија Прес, која емитува вести на англиски јазик. „Иран го сопре извозот во шест европски држави. Станува збор за Холандија, Грција, Франција, Шпанија, Португалија и Италија“, јави Прес ТВ.Државите членки на ЕУ воведоа санкции кон Иран на 1 јануари поради нуклеарната програма, за која западот тврди дека има намена да произведе атомска бомба, додека Техеран ги отфрла обвинувањата.Иранскиот министер за нафта пред десетина дена најави дека Иран сигурно ќе го сопре извозот на нафта во „некои“ европски држави. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Туск: Соборени се дроновите што претставуваа закана

Синоќа, голем број руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор, објави полскиот премиер Доналд Туск, додавајќи дека биле соборени беспилотните летала што претставувале директна закана.
„Синоќа, голем број руски беспилотни летала го нарушија полскиот воздушен простор. Овие беспилотни летала што претставуваа директна закана беа соборени. Јас сум во постојана комуникација со генералниот секретар на НАТО и нашите сојузници“, рече Туск.
Европа
(Фото) Остатоци од дрон паднале врз станбена куќа во Полска

Остатоци од руски дрон паднале врз станбена куќа во регионот Лублин, објавија полските медиуми. „Полсат њуз“ објави дека покривот и паркингот се оштетени, но никој не е повреден.
Повикувајќи се на локален полициски инспектор, „Полсат“ соопшти дека „остатоците од руски дрон паднале врз станбена куќа во градот Вирики Вола“.
— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025
„Луѓето слушнале експлозија и виделе полски борбени авиони. Ситуацијата е доста сериозна и загрижувачка. Навистина постои голема загриженост кај жителите“, рече градоначалникот Мариуш Занко.
Регионот Лублин, во источна Полска, се граничи со Белорусија и Украина.
фото: принтскрин
Европа
Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
„Полските и сојузничките операции на воздухопловните сили поврзани со кршење на полскиот воздушен простор се завршени. Пребарувањето и локализирањето на можните места на удар на објекти што го нарушија полскиот воздушен простор е во тек“, се вели во соопштението.
Полската војска им се заблагодари на Воздухопловната команда на НАТО и на Холандија за испраќањето борбени авиони „Ф-35“ за да се обезбеди безбедноста на полското небо. Земјените системи за воздушна одбрана и радарското извидување се вратија на стандардни оперативни активности.
Само еден аеродром сè уште не е отворен
Главниот аеродром во Варшава е повторно отворен. Портпаролот на Полската агенција за воздушна навигација сега изјави за телевизиската станица TVN24 дека аеродромите во Модлин и во Жешов исто така се повторно отворени.
Аеродромот во Лублин останува привремено затворен.
фото: принтскрин