Економија
LG со амбиции да го освои европскиот пазар на фрижидери и машини за перење

Jужнокорејската компанија за електронски производи LG објави амбициозен план за заземање на водечкото место на европскиот пазар во продажбата на фрижидери и перење алишта.
Jужнокорејската компанија за електронски производи LG објави амбициозен план за заземање на водечкото место на европскиот пазар во продажбата на фрижидери и перење алишта.Претседател и извршен директор на компанијата LG Home Appliance, Јонг-ха Ли за време на саемот IFA 2011 најави цел на неговата компанија е да стане најдобар бренд за машини за перење алишта и фрижидери во Европа до 2015 година.Исто така, тој изјави дека компанијата LG има намера, со зголемување на продажбата на машини за алишта да заземе 13 отсто од пазарниот дел, односно 12,5 отсто од пазарниот дел кога е во прашање продажбата на фрижидери . „Европскиот пазар е многу конкурентен поради присуството на голем број локални производители на уреди за домаќинството. LG е целосно посветена на намерата да стане бренд прифатен од сите европски потрошувачи. Веќе го зголемивме вложувањата во регионот и имаме планови за развој на производите кои во целост се прилагодени на потребите на потрошувачите од Европа.” изјави Ли.Клучен дел на стратегијата на компанијата LG е низ производство на смарт апарати за домаќинството да ја зацврсти позицијата на најиновативен бренд. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерката по големиот интерес за угарските пари: Јас би застанала тука, да ги искористиме, па да видиме за дополнителни средства

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за дополнителни средства за компаниите заинтересирани за кредити ќе зборува откога ќе се искористат сегашните 250 милиони евра обезбедени од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски вчера извести дека компаниите веќе покажале интерес за вкупно 380 милиони, па добил инспирација да бара дополнителни евтини пари оти, како што рече, бизнисот е гладен.
„Добивме информација од сите банки дека побарувачката е многу поголема од она што го нудиме. Јас би застанала тука. Да ги искористиме средствата, а понатаму ќе видиме во втора фаза за одобрување дополнителни средства и можности за изнаоѓање од каде ќе ги изнајдеме дополнителните средства доколку се договориме за таква втора фаза“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.
Таа смета дека сега целиот фокус треба да е на предвидените 250 милиони евра, но драго ѝ е што има интерес за многу повеќе оти додека преговарале, од коморите добила забелешки дека компаниите нема да покажат доволен интерес за кредити.
Домашните компании со проекти може да аплицираат во комерцијалните банки за кредит со каматна стапка од 1,95 процент и рок на отплата до 15 години, максималниот износ за кој може да аплицираат е 10 милиони евра.
Економија
(Видео) Митева: Порастот на БДП и странските директни инвестиции ги одразуваат стабилните економски перформанси

Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8 отсто, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра, објави владината портпаролка, Марија Митева.
„Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 отсто во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 проценти. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори“, рече Митева.
Како што рече, во граадежништвото е забележан значителен раст од 13,2 отсто, а тоа ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП.
Зголемен е порастот и во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6 отсто.
Подеднакво значајна вест, рече Митева, е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1милијарди и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. Овој извонреден прилив на инвестиции, додаде таа, е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал.
Економија
Исплатена првата транша во вредност од 10,4 милиони евра од унгарскиот кредит

Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании од новата кредитната линија за инвестиции и развој.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48 % во градежни, 22 % во опрема, 10 % во обновливи извори на енергија и 20 % инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.1.2025 година.
Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша во согласност со барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и за развој на компаниите.