Свет
Сакашвили ги повика бунтовниците да се предадат
Грузискиот претседател Михаил Сакашвили го повика денеска тенковскиот батаљон во базата Мухровани да се предаде истакнувајќи дека ситуацијата е под контрола
Грузиски медиуми јавија дека Сакашвили допатувал во таа база каде војниците од тој батаљон се бунтуваат.„Група војници чија врска со одредени агентури ни е позната, се обиде да направи немири во државата. Тоа е обид за подигнување рака врз суверенитетот и Уставот, директна закана за безбедноста на граѓаните на државата“, изјавил Сакашвили.Според него, државата и други органи се подготвени за најодлучни мерки за прекин на сите обиди за поткопување на уставниот поредок, демократијата и слободата. Базата е опколена, а во останатите е прогласена вонредна состојба.„ На бунтовниците им е даде рок да го предадат оружјето и доколку донесат одлука доброволно, тоа ќе се земе предвид“, изјавил Сакашвили.Грузиски медиуми јавуваат дека кон базата се упатиле неколку оклопни возила во момент додека се водат преговори на МО и МВР со бунтовниците.Министерот за одбрана Давид Сихарулидзе изјави дека засега нема посебно барања од бунтовниците, но бунтот почнал вчера по апсење на поранешни воени фукционери.Грузиските медиуми пренесуваат изјава на командирот на батаљонот кој одбил послушност батаљонот да користи сила. Според зборовите на потполковник Мамук Горгишвили војниците „не можат веќе да ја „поднесат ситуацијата“ што се создала во државата и се залагаат за дијалог меѓу опозицијата и власта која од 9 април протестира барајќи оставка од Сакашвили.„Гледам закана за можен судир со употребата на оружјето. Претставници на опозицијата соопштија дека очигледно, ќе се случат судири. Без оглед кој ќе почне прв“, изјавил Горгишвили. Началникот на информативно-аналитичкиот сектор на МВР на Грузија Шота Утиашвили изјави дека уапсените се осомничени за организација на бунт во неколку единици во армијата.„ Според информациите што ги имаме, организатори се поранешни високорангирани офицери“, изјавил тој.Уапсени се Георгиј Гваладзе, поранешен шеф на специјалната единица Делта и Заза Мушкудиани, началник на штабот на една од воените единици. Во тек е потера по поранешниот началник на една од воените единици, Кобо Отанадзе. Утиашвили тврди дека „очигледно тој план е координиран со Русија“, и подразбирал „минимум пропаст на воените вежби на НАТО во Грузија, а максимум целосен воен бунт во државата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

